Комуницирање во христијанската служба
”Затоа одете и направете ученици од луѓето од сите народи“ — МАТЕЈ 28:19, (”NW“).
1. Кое ополномоштување што го дал Христос, ја вклучува потребата од комуникација?
ИСУСОВОТО горе цитирано ополномоштување ни пружа предизвик на комуницирање со луѓето во нашата служба додека одиме од куќа до куќа, вршиме повторни посети или додека учествуваме во сите други обележја на проповедање на Царството. Во тоа ополномоштување е вклучена и одговорноста да ја објавиме вистината за Јехова Бог, Исус Христос и за Месијанското Царство во кое Исус сега владее (Матеј 25:31-33).
2. Што е потребно за да комуницираме делотворно?
2 Како можеме делотворно да комуницираме? Како прво, мораме да веруваме во информацијата што ја јавуваме. Со други зборови, мораме да имаме цврста вера дека Јехова Бог е единствениот вистински Бог, дека Библијата е навистина Божја Реч и дека Божјето Царство е единствена надеж за човештвото. На тој начин она што го поучуваме ќе дојде од срце, а ние ќе го следиме Павловиот совет до Тимотеј: ”Дај сѐ од себе да се покажеш признат пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. Тимотеј 2:15, NW).
Комуникација без зборови
3-5. (а) Како можеме да комуницираме без ниту еден збор? (б) Кои искуства го потврдуваат тоа?
3 Комуникацијата често вклучува зборови. Но, всушност, ние комуницираме со луѓето уште пред да им кажеме нешто. Како? Со своето однесување и со начинот на кој се облекуваме и се украсуваме. Пред многу години еден мисионер на Библиската школа Гилеад на Друштвото Стражарска кула патувал со прекуокеански брод на својата задача во странска земја. После неколку дена на море, еден странец го запрашал зошто тој е толку поинаков од сите други на палубата. Мисионерот соопштил нешто значајно — дека имал поинакви мерила и дека бил пристаплив — само со својата појава и однесување. Тоа на мисионерот му дало прекрасна прилика да даде сведоштво.
4 Понатаму, една сестра која стоела на улица нудејќи им на минувачите библиска литература, пријателски ѝ се насмевнала на жената која минувала покрај неа. Таа жена почнала да слегува по степениците во подземната станица. Се предомислила, се вратила кај сестрата и ја запрашала за домашна библиска студија. Што оставило толкав впечаток кај неа? Иако не ѝ била понудена библиска литература, ја прифатила љубезната насмевка на Сведокот кој работел на улицата.
5 Трет пример: Група млади Сведоци јаделе во ресторан. Биле изненадени кога до нивната маса пришол еден странец и им ја платил вечерата. Зошто го сторил тоа? Бил импресиониран од нивното однесување. Без да му кажат ниту еден збор на тој странец, овие млади христијани соопштиле дека се богобојазливи лица. Навистина, со нашето однесување, појавата и наклоноста, комуницираме и пред да кажеме нешто. (Спореди 1. Петрово 3:1, 2.)
Дискутирањето пресудно за комуникацијата
6. Прикажи како дискутирањето е непроценливо за комуникацијата.
6 За да со зборови комуницираме со луѓето за добрата вест, мораме да бидеме подготвени да дискутираме со нив, а не да зборуваме догматски. Секогаш одново читаме како Павле дискутирал со оние на кои настојувал да им ја каже добрата вест (Дела на апостолите 17:2, 17; 18:19). Како можеме да го следиме неговиот пример? Па, можеби влошената светска состојба некои ги довело до сомневање во постоењето на семоќен и љубезен Бог кој се грижи за човештвото. Сепак, со нив можеме да дискутираме за тоа дека Бог има време за сѐ (Проповедник 3:1-8). Така, во Галатјаните 4:4 стои дека Бог, кога дошло неговото одредено време, го испратил својот Син на Земјата. Тоа било илјада години откако прв пат ветил дека ќе го стори тоа. Исто така, кога ќе дојде неговото одредено време тој ќе направи крај на страдањата и злото. Дури и повеќе, Божјата Реч покажува дека Бог има силни причини зошто допуштил злото да трае толку долго. (Спореди 2. Мојсеева 9:16.) Дискутирајќи во тој правец со споредби и силни библиски докази, ќе им помогнеме на искрените лица да увидат дека преовладувањето на злото не може да се употреби како доказ дека Јехова не постои или дека не се грижи (Римјаните 9:14-18).
7, 8. Како дискутирањето би можело да ни помогне да комуницираме со ортодоксен Евреин?
7 Да претпоставиме дека станарот, додека одиш од куќа до куќа, ти вели: ”Јас сум Евреин. Не сум заинтересиран.“ Како можеш да го продолжиш разговорот? Еден брат известува за успехот што го имал употребувајќи го овој пристап: ’Сигурен сум дека ќе се сложите со мене дека Мојсеј бил еден од најголемите пророци кого Бог го употребил. А дали сте знаеле дека дека тој го рекол она што било запишано во книгата Поновљени закон 31:29 (Ст): ”Зашто јас знам дека после мојата смрт (...) ќе скршнете од патот кој ви го одредив; несреќа ќе ве снајде во идните времиња“? Мојсеј бил вистинит пророк, и неговите зборови требало да се обистинат. Дали можеле да се обистинат кога Бог им го испратил на Евреите Месијата и дека тие затоа не го прифатиле? Можело да биде така. А ако било така и ако тие направиле грешка, дали постои некаква причина поради која вие и јас би ја правеле истата грешка?
8 Исто така сетете се дека Евреите многу пострадале од раката на христијанството, особено во текот на овој век. Можеби ќе сакаш да му кажеш на станарот дека ние немаме удел во тоа. На пример, можеби ќе сакаш да кажеш: ’Дали сте знаеле дека кога Хитлер дошол на власт, Јеховините сведоци се спротивставиле на неговиот бојкот на Евреите? Тие исто така одбиле да поздравуваат со ”Хајл Хитлер“ и да служат во неговата војска.‘a
9, 10. Како може дискутирањето да се употреби да му се помогне на некој кој верува во пеколен оган?
9 Во настојувањето да комуницираш со некој кој верува во пеколен оган, можеш да заклучиш дека ако поединецот вечно би се мачел во пеколот, мора да има бесмртна душа. Оној кој верува во пеколен оган веднаш ќе се согласи. Потоа можеш да го споменеш извештајот за создавањето на Адам и Ева и љубезно да го запрашаш дали некогаш во тој извештај забележал некакво споменување на таква бесмртна душа. Продолжувајќи потоа со своето дискутирање, можеш да му го свртиш вниманието на 1. Мојсеева 2:7, каде Библијата ни вели дека Адам станал душа. А забележете што рекол Бог за последицата од Адамовиот грев: ”Во потта на своето лице ќе го јадеш својот леб додека не се вратиш в земја: та од земја си земен — прав си, во прав и ќе се вратиш“ (1. Мојсијева 3:19, Ст). Значи, душата Адам се вратила во прав.
10 Исто така можеш да го свртиш вниманието на тоа дека никаде во извештајот од 1. Мојсеева Бог не споменува вечно страдање во пеколен оган. Кога Бог го предупредил Адам да не го јаде забранетиот плод, тој рекол: ”Во оној ден кога ќе вкусиш од него, сигурно ќе умреш!“ (1. Мојсијева 2:17, Ст). Не се споменува пеколен оган! Ако по Адам вистинската последица на гревот требало да биде вечно мачење, а не смрт, ’враќањето во прав‘, зарем не би било праведно Бог јасно да го објасни тоа? Значи, внимателното и љубезно разгледување може да му помогне на искрениот поединец да ја увиди непостојаноста на своето верување. Никогаш да не ја заборавиме важноста да ги повикаме другите на дискутирање кога им ја пренесуваме вистината од Божјата Реч. (Спореди 2. Тимотеј 2:24-26; 1. Јованово 4:8, 16.)
Особини кои се потребни за делотворно комуницирање
11-13. Кои христијански особини можат да ни помогнат да комуницираме делотворно?
11 Кои особини мораме сега да ги развиваме за да што поделотворно ги соопштиме вистините за Царството? Па, што ни говори Исусовиот пример? Во Матеј 11:28-30 ги читаме неговите зборови: ”Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени и јас ќе ве закрепнам. Земете го мојот јарем на себе и учете од мене, зашто јас сум со блага нарав и понизен во срцето, и ќе најдете закрепа за своите души. Зашто мојот јарем е благ и мојот товар е лесен“ (NW). Овде наоѓаме една од клучните причини за Исусовиот успех во комуницирањето. Тој бил со блага нарав и понизен во срцето. Луѓето со праведно срце утврдувале дека тој ги закрепнува. Апостол Павле исто така пружил прекрасен пример, бидејќи, како што им рекол на старешините од Ефес, од првиот ден откако дошол му робувал на Господ ”со најголема понизност на умот“ (Дела на апостолите 20:19, NW).
12 Ако секогаш покажуваме скромност и понизност на умот, другите ќе утврдат дека и ние ги закрепнуваме, а за нас ќе биде полесно да комуницираме со нив. Секој друг став веројатно ќе подигне ограда помеѓу нас и оние со кои настојуваме да комуницираме. Навистина, ”во скромните е мудроста“ (Пословици 11:2, NW).
13 За да поделотворно ги пружиме информациите, треба да бидеме стрпливи и тактични. Апостол Павле сигурно бил тактичен кога им сведочел на филозофите кои се собрале пред него на Марсовото брдо. Ја изнел добрата вест на начин на кој тие можеле да ја разберат (Дела на апостолите 17:18, 22-31). Ако сакаме успешно да комуницираме со своите слушатели, мораме да го следиме советот кој им го дал апостол Павле на Колосјаните кога рекол: ”Вашиот разговор секогаш нека биде пријатен, никогаш незанимлив; промислувајте како најдобро да разговарате со секое лице кое ќе го сретнете“ (Колосјаните 4:6, The New English Bible). Нашиот говор би требало секогаш да биде угоден. Таквиот говор ќе биде усмерен на отворањето на мислите на нашите слушатели, додека непромислените примедби ќе предизвикаат да станат неприфатливи за доказите.
14. Како може опуштениот, разговорен пристап да ни помогне да комуницираме со другите?
14 Ние сакаме да изгледаме опуштено во секое време. Тоа им помага на нашите слушатели да бидат опуштени. Тоа значи да не бидеме премногу загрижени да кажеме сѐ што имаме. Наместо тоа, со лежерно држење и пријателски прашања им пружаме на нашите слушатели прилика да се изјаснат. Посебно е мудро да го охрабриме другото лице да зборува кога сведочиме неформално. Така еден Сведок седел во авион покрај еден римокатолички свештеник. Сведокот повеќе од еден час му поставувал тактички прашања на свештеникот, така што свештеникот одговарајќи го водел поголемиот дел од разговорот. Но, кога се разделиле, свештеникот со себе понел неколку библиски публикации. Таквиот стрплив настап ќе ни помогне да покажуваме уште една потребна особина, имено, соживување.
15, 16. Како соживувањето ни помага да комуницираме?
15 Соживувањето значи, така да се каже, да се ставиме на местото на другиот. Апостол Павле во потполност ја увидувал потребата од соживување, што може да се види од она што им го напишал на Коринтјаните: ”Навистина, иако сум слободен во поглед на сѐ, се претворив себеси во роб на сите, за да ги придобијам што повеќе. Со Евреите бев како Евреин, да ги придобијам Евреите; со подложниците на Законот како подложен на Законот — иако самиот не сум подложник на Законот — да ги придобијам подложниците на Законот. Со оние кои се без закон бев како без закон — иако не сум без законот Божји, напротив, подложник сум на Христовиот закон — да ги придобијам оние кои се без закон. Со слабите бев слаб, да ги придобијам слабите. На сите нив им станав сѐ, за да некако спасам некои“ (1. Коринћанима 9:19-22, Ст).
16 За да во тој поглед го имитираме апостол Павле, треба да бидеме тактични, разумни и внимателни. Соживувањето ќе ни помогне на своите слушатели да им ја пренесеме вистината во склад со нивниот начин на размислување и чувствување. Публикацијата Расправљање на темељу Писма ни пружа голема помош на тоа општо подрачје. Имај ја секогаш со себе во служба на проповедање.
Љубовта — помош во комуницирањето
17. Од сите христијански особини, која е највредна за делотворно пренесување на вистината, и како таа е покажана?
17 Скромноста, понизноста на умот, стрпливоста и соживувањето се пресудни за делотворно давање на информации. Сепак, за да бидеме успешни во достигнувањето на срцата на другите, над сѐ ќе ни помогне несебичната љубов. Исус чувствувал сожалување спрема народот затоа што биле ”измачени и расеани како овци без пастир“. Љубовта била таа која го навела Исус да каже: ”Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени и јас ќе ве закрепнам“ (Матеј 9:36; 11:28, NW). И ние исто така ги сакаме луѓето и затоа сакаме да ги закрепнеме и да им помогнеме да дојдат на патот на животот. Ние носиме вест на љубов. Затоа да ја говориме на љубезен начин. Таа љубов се покажува со самата пријателска насмевка, доброљубивоста и љубезноста, со ведрината и срдечноста.
18. Како можеме да го имитираме Павле, како што тој го имитирал Учителот?
18 Апостол Павле во тој поглед бил имитатор на својот учител, Исус Христос. Зошто бил току успешен во формирањето на собранијата едно по друго? Поради својата ревност? Да. Но и поради љубовта што ја покажувал. Забележи ги неговите изрази на наклоност спрема новото собрание во Солун: ”Бевме како мајка која со љубов ги негува своите деца, така што, обземени од љубов кон вас, бидејќи ни омилевте, сакавме да ви ја предадеме не само Радосната вест туку и својот живот.“ Имитирањето на Павле ќе ни помогне во нашите настојувања да комуницираме (1. Солуњанима 2:7, 8, Ст).
19. Зошто не би требало да дозволиме да нѐ обесхрабри рамнодушното подрачје?
19 Ако сме сториле сѐ што сме можеле да комуницираме и не сме ги постигнале саканите резултати, дали треба да бидеме обесхрабрени? Секако дека не. Проучувачите на Библијата (како што Јеховините сведоци порано се нарекувале) имале обичај да кажат дека луѓето, за да ја прифатат вистината, мораат да имат три особини. Треба да бидат чесни, понизни и духовно гладни. Не можеме да очекуваме дека неискрените луѓе, оние кои се нечесни, поволно да се одзоват на вистината; ниту пак можеме да очекуваме надуените или горделивите поединци да ја слушаат добрата вест. Понатаму, дури и ако некој има извесна мера на чесност и понизност, нема веројатност дека ќе ја прифати вистината ако не е духовно гладен.
20. Зошто во секој случај може да се рече дека нашите напори не биле залудни?
20 Несомнено дека на многумина кои ги среќаваш на своето подрачје ќе им недостасува една или повеќе од овие три особини. Пророкот Еремија го имал истото искуство (Еремија 1:17-19; спореди Матеј 5:3). Сепак, нашите напори никако не се залудни. Зошто? Затоа што го објавуваме Јеховиното име и Царство. Со своето проповедање и со самото свое присуство на подрачјето, ние ги предупредуваме злобните (Езекиел 33:33). И никогаш да не заборавиме дека со своето соопштување на вистината и самите извлекуваме корист (1. Тимотеј 4:16). Ја држиме јака својата вера и светла својата надеж во Царството. Уште повеќе, ја одржуваме својата беспрекорност и со тоа учествуваме во посветувањето на името на Јехова Бог, радувајќи го неговото срце (Изреки 27:11, NW).
21. Како може да се заокружи сето досега речено?
21 Да заокружиме: Комуникација е делотворно пружање на информации. Уметноста на комуникацијата е пресудна, а кога нема комуникација настануваат многу болни последици. Видовме дека Јехова Бог и Исус Христос се најистакнатите комуникатори и дека Исус ополномоштил канал за комуникација за нашето време. Исто така забележавме дека комуницираме и со своето облекување и однесување, испраќајќи им пораки на другите. Научивме дека дискутирањето игра важна улога во нашето настојување да комуницираме со луѓето, и, за да комуницираме поделотворно, треба да бидеме скромни и понизни, да покажуваме соживување, да вежбаме стрпливост, и, над сѐ, да бидеме поттикнати од срце полно со љубов. Ако ги развиваме тие особини и ги следиме библиските примери, ќе бидеме успешни христијански комуникатори (Римјаните 12:8-11).
[Фуснота]
a Натамошни предлози како можеш да комуницираш со религиозни Евреи и други, ќе најдеш во книгата Расправљање на темељу Писма, стр. 22, 23.
Како би одговорил?
◻ На кој начин комуникацијата започнува пред да се каже што и да е?
◻ Кои се некои од примерите на комуницирање преку делотворно дискутирање?
◻ Кои особини им овозможиле на Христос и Павле да комуницираат делотворно?
◻ Зошто не треба да бидеме обесхрабрени ако веднаш не се покажат резултати?