Предлози за презентирање на Приближи му се на Јехова
◼ Држејќи ја Библијата в рака, речи: „Многу луѓе што веруваат во Бог би сакале да се чувствуваат поблиски со него. Сте знаеле ли дека Бог нѐ поканува да му се приближиме? [Прочитај Јаков 4:8.] Оваа публикација е наменета да им помогне на луѓето да ја користат својата сопствена Библија за да му се приближат на Бог“. Прочитај го 1. пасус на 16. страница.
◼ Држејќи ја Библијата в рака, речи: „Денес преовладува неправда, токму како што е опишано овде. [Прочитај Проповедник 8:9б.] Многумина се прашуваат дали Бог воопшто е заинтересиран за тоа. [Прочитај ги првите две реченици од 4. пасус на 119. страница.] Ова поглавје објаснува зошто Бог ја допуштил неправдата за некое време“.