ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/03 стр. 3
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Да им проповедаме на оние што зборуваат друг јазик
    Нашата служба за Царството 2009
  • Методи на проповедање на добрата вест
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Остани духовно јак додека служиш во собрание на друг јазик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 1/03 стр. 3

Рубрика прашања

◼ Кога е соодветно да се формира група на странски јазик?

Кога на подрачјето на едно собрание има доста голем број население што зборува странски јазик, старешините треба да направат сѐ што можат за да го организираат проповедничкото дело на тој јазик (km 7/02 стр. 1; km 2/98 стр. 3, 4). Можеби заедницата на луѓе што зборуваат странски јазик е раштркана на подрачјата на две или повеќе соседни собранија. Во тој случај, покраинскиот надгледник ќе ги даде потребните упатства, помагајќи им на тој начин на тие собранија да соработуваат во проповедничката активност. Повремено може да се одржи јавно предавање или студија на Стражарска кула за да се одреди колку луѓе ќе присуствуваат на состаноците на странски јазик.

Група на странски јазик може да се формира кога ќе се исполнат следниве барања: 1) Да има објавители или заинтересирани лица што најдобро ја разбираат добрата вест на странски јазик. 2) Да има на располагање квалификуван старешина или слуга помошник што ќе го преземе водството и ќе води барем еден состанок неделно. 3) Старешинското тело да биде спремно да ја поддржи групата. Кога ќе се исполнат овие барања, старешините треба да ја информираат канцеларијата на подружницата за да може групата да биде официјално призната и за да можат да бидат дадени понатамошни упатства.

Повеќето групи почнуваат така што секоја седмица одржуваат Собраниска студија на книга. Подоцна, старешините можеби ќе одобрат да се додадат и други состаноци, како што се Состанокот за јавност и студија на Стражарска кула. Задачите бр. 2, 3 и 4 од Теократската школа за служба можат да се презентираат во помошната сала доколку има квалификуван старешина или слуга помошник што го зборува јазикот и кој може да служи како советник. Меѓутоа, групата ќе му се придружи на собранието за говорот за говорна особина, поучниот говор, врвните точки и за Состанокот за служба. Исто така, за групата можат да се организираат состаноци за служба на теренот.

Сите во групата тесно соработуваат надгледувани од старешинското тело. Старешините треба да дадат урамнотежени упатства и да покажат иницијатива во грижата за потребите на групата. Кога ќе го посети собранието што ја поддржува групата, покраинскиот надгледник исто така ќе се организира да работи со групата за да ја изгради духовно. Со Јеховин благослов, групата на странски јазик со текот на времето може да стане собрание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели