Поучувај ги другите за чистиот јазик
1 И покрај тоа што доаѓаат од многу ‚нации, племиња, народи и јазици‘, Јеховините сведоци се обединет народ, вистинско меѓународно братство (Откр. 7:9). Ова е необично во денешниов разединет свет. Како е можно тоа? Затоа што ни е ‚променет јазикот во чист јазик‘ (Соф. 3:9, NW).
2 Прекрасни резултати: Кој е овој чист јазик? Тоа е точното разбирање на вистината од Божјата реч во врска со Јехова и неговите намери, особено вистината за Божјето Царство. Како што прорекол Исус, оваа вистина се споделува преку еден видлив земен канал, „верниот и разборит роб“, како резултат на што луѓе „од народите на сите јазици“ го прифаќаат вистинското обожавање (Мат. 24:45; Зах. 8:23).
3 Додека го учат чистиот јазик, луѓето се поттикнати да го доведат својот живот во склад со Јеховините мерила. Тие учат да бидат „соодветно обединети во ист ум и во ист правец на размислување“ (1. Кор. 1:10). Божественото учење, исто така, доведува до исправно однесување и здрав, вистинит говор, особено во поглед на пренесувањето на добрата вест на другите. (Тит 2:7, 8; Евр. 13:15). Овие прекрасни промени му оддаваат чест на Јехова.
4 На пример, еден човек што ја чул добрата вест имал многу прашања, и сите му биле одговорени од Библијата. Поттикнат од она што го чул, почнал да проучува двапати во неделата и да ги посетува состаноците. Се изненадил колку срдечно го пречекале во Салата на Царството, зашто многу од присутните биле од друга раса. За кратко време, тој и неговата сопруга направиле промени во својот живот и се крстиле. Оттогаш тој им помогнал на околу 40 други луѓе да му служат на Јехова, вклучувајќи и голем број членови на семејството. И покрај тоа што е болен, неодамна почнал да служи како пионер.
5 Поучувајќи ги другите: Светските настани предизвикуваат многу чесни луѓе да го преиспитаат своето размислување и својот живот. Како Исус, и ние треба да сакаме да им помогнеме. Делотворните повторни посети и библиските студии се клучот за да им се помогне на искрените лица да го научат чистиот јазик.
6 Еден пристап што се покажа делотворен со зафатените луѓе е да се води кратка библиска студија на врата (km 5/02 стр. 1.) Си го пробал ли ова? Кога се подготвуваш да направиш повторна посета, од додатокот на Наша служба за Царството од јануари 2002 избери презентација што одговара на станарот. Многу од презентациите во овој додаток се наменети да водат директно до дискусија од брошурата Бара или од книгата Спознание. Вежбај ја презентацијата за да можеш постепено да преминеш од воведот на дискусија за еден од пасусите. Избери еден или два стиха од пасусот што ќе ги прочиташ и за кои ќе дискутираш, и подготви прашање со кое ќе завршиш. Тоа ќе води до пасусот што планираш да го разгледаш на наредната посета.
7 Јеховиниот народ доживува многу благослови како резултат на тоа што го учи чистиот јазик. Марливо да им помагаме на другите да ни се придружат во ‚повикувањето на името Јеховино‘ и во ‚служењето рамо до рамо‘ (Соф. 3:9, NW).