Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 март
„Сакаме да ве поканиме на одбележувањето на Господовата вечера во недела, на 4 април. [Објасни, користејќи ја последната страница од списанието или отпечатена покана за Меморијалот. Потоа прочитај Лука 22:19.] Во уводните статии од ова издание на Стражарска кула се зборува за значењето на овој настан и како тој се одбележува.“
Стражарска кула 1 апр.
„Малку библиски стихови предизвикале толку многу шпекулации како библискиот мистериозен опис на знакот на ѕверот. Сте чуле ли за тој знак? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Откровение 13:16—18.] Самата Библија ги дава решенијата за да се разоткрие значењето на оваа мистерија. Ова списание објаснува кои се тие решенија.“
Разбудете се!8 апр.
„Милиони луѓе низ целиот свет страдаат од нарушувања на расположението, како што се депресија и биполарно растројство. Нашиот Творец навистина се грижи за таквите лица. [Прочитај Псалм 34:18.] Ова списание зборува за тоа како да им се помогне на оние што страдаат од вакви нарушувања. Исто така, укажува на библиското ветување дека наскоро ќе бидат отстранети сите болести.“