ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/04 стр. 4
  • Духовна храна во право време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Духовна храна во право време
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Обласен конгрес за 1996: „Гласници на божествен мир“
    Нашата служба за Царството 1996
  • Јехова го собира својот радосен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
  • Обласен конгрес за 1997 — „Вера во Божјата Реч“
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 4/04 стр. 4

Духовна храна во право време

1. Како денес се исполнува Езекиел 36:29?

1 „Ќе го повикам житото и ќе го умножам, и никогаш веќе нема да ве подложам на глад“, вели Суверениот Господ Јехова (Езек. 36:29). Овие пророчки зборови се однесуваат на Божјиот народ денес. Фигуративно кажано, Јехова направил житото, кое го одржува животот, да роди изобилно за неговиот народ. Навремената духовна храна што е обезбедена преку обласните конгреси добро го илустрира овој факт.

2. На кој начин ги користи Јехова обласните конгреси за да подели духовна храна во право време?

2 На конгресот што се одржал во Колумбус (Охајо), во 1931, Јехова им дал упатство на своите обожаватели да прифатат ново име — Јеховини сведоци (Иса. 43:10—12). Во 1935 точно било идентификувано големото мноштво од Откровение 7:9—17. Во 1942, брат Нор го изенел говорот „Мир — може ли да потрае?“ Тој говор му дал замав на глобалното проповедничко дело и водел до основањето на Библиската школа Гилеад на Watchtower. Иако некои конгреси се особено значајни, секој конгрес се покажал како богата трпеза со хранлива духовна храна послужена во право време (Псал. 23:5; Мат. 24:45).

3. Што мораме да правиме за да извлечеме корист од духовната гозба на нашиот обласен конгрес?

3 Колку добро се храниш? Можно е да бидеме опкружени со храна а сепак да бидеме изгладнети доколку не вложиме напор да јадеме (Посл. 26:15). Истото важи и во духовна смисла. На неколку конгреси беше забележано дека многумина непотребно се шетаат или разговараат со другите во текот на програмата. Иако изградувачкото дружење е еден важен аспект на конгресот, време кога тоа треба да се прави е пред и по секоја сесија (Проп. 3:1, 7). Ако не сме на своите места и не слушаме внимателно, може да пропуштиме некоја многу важна мисла. Надгледниците на конгресните оддели и браќата што имаат доделби можеби одвреме-навреме ќе сметаат дека е неопходно да дискутираат за работи во врска со конгресот додека сесиите се во тек. Во спротивно, треба да дадат пример со тоа што внимателно ќе ја следат програмата. Никој од нас не може да си дозволи да пропушти што и да било од духовната храна што е обезбедена (1. Кор. 10:12; Фил. 2:12).

4. Како можеме да се покажеме благодарни за изобилството што Јехова го обезбедува?

4 Колку се радуваме на изобилните духовни вистини што Јехова ги обезбедува, за разлика од бедните лажни доктрини на христијанскиот свет! (Иса. 65:13, 14). Еден начин на кој можеме ‚да се покажеме благодарни‘ е така што ќе гледаме на конгресот како на прилика да бидеме поучени од Јехова (Кол. 3:15). Концентрирај се на говорот а не на братот што го изнесува говорот и гледај на пораката како на порака што доаѓа од нашиот „[Велик, NW] Учител“ (Иса. 30:20, 21; 54:13). Посвети сконцентрирано внимание. Фаќај кратки забелешки за клучните мисли. Повтори си ги главните мисли секоја вечер. Примени го она што го учиш.

5. Кои причини за радост ни ги даваат обласните конгреси?

5 Секој конгрес пред Армагедон, сеедно дали се одржува во некој камп за бегалци, во некоја земја растргната од војна или во некој поголем, помирољубив амбиент, е победа над Сатана! Како обединето братство, ги цениме приликите да се собираме заедно на обласните конгреси (Езек. 36:38). Уверени сме дека и овој пат Јехова со љубов ќе ни обезбеди „храна во право време“ (Лука 12:42).

[Рамка на страница 4]

Покажи благодарност за Јеховината трпеза

◼ Посвети грижливо внимание

◼ Забележи ги клучните точки

◼ Повтори ги главните мисли од програмата секоја вечер

◼ Примени го она што го учиш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели