Обласниот конгрес нѐ поттикнува да одиме со Бог
„Тоа е патот, одете по него“ (Иса. 30:21). Ова јасно упатство од Јехова беше повторено многупати на Обласниот конгрес „Одете со Бог“. Применувањето на упатствата што ги добивме ќе ни помогне ‚строго да пазиме како одиме‘ (Ефеш. 5:15). Исто така, ако размислуваме за она што го научивме, ќе можеме да ‚одиме во вистината‘ (3. Јов. 3).
Употреби ги следниве прашања, како и личните белешки, за да се подготвиш и да учествуваш во повторувањето на програмата од овогодишниот конгрес. Повторувањето ќе се одржи на Состанокот за служба во седмицата што почнува на 18 октомври.
1. Како можел Енох да оди со Бог и покрај тоа што живеел во бурни времиња? (Евр. 11:1, 5, 6; Јуда 14, 15; „Оди со Бог во бурни времиња“).
2. На кои подрачја од животот може да се примени начелото од Лука 16:10? („Дали си ‚верен во најмалото‘?“)
3. а) Наведи четири практични поуки што се наоѓаат во Осија, поглавја 6—9, кои ќе ни помогнат да одиме со Бог (Оси. 6:6, 7; 7:14; 8:7). б) Кои додатни мисли од Осија, поглавја 10—14, ни помагаат да одиме со Бог? (Циклус — „Пророштвото на Осија ни помага да одиме со Бог“).
4. Кои практични работи можат да ги направат христијанските сопружници за бракот да им остане цврст? (Посл. 12:4; Ефеш. 5:29; „Не разделувај го она што ‚Бог го впрегнал во јарем‘ “).
5. Како покажуваме почит кон нашите свети собири? (Проп. 4:17; Иса. 66:23; „Да покажуваме почит кон нашите свети собири“).
6. а) Кои три важни аспекти од нашето проповедничко дело треба да ги преиспитаме за да се увериме дека имаме делотворно учество во него? (Иса. 52:7; Зах. 8:23; Мар. 6:34). б) Кои особености на публикацијата Добра вест за сите нации ти се посебно корисни? („Добра вест за луѓето од сите нации“; ‚Да им помагаме на оние што зборуваат друг јазик‘)
7. Како да им помогнеме на новите да стекнат самодоверба за да ја презентираат пораката за Царството? (Суд. 7:17; ‚Да им помагаме на мноштвата да ни се приклучат во службата‘).
8. Како ја покажуваме нашата увереност во тоа дека ‚е близу големиот Господов ден‘? (Соф. 1:14; „Да одиме по вера, а не по гледање“).
9. а) Колку сериозно е спрепнувањето? (Мар. 9:42—48). б) Што да сториме за да не се спрепнеме? (Псал. 119:165). в) Што да сториме за да не ги спрепнеме другите? (1. Кор. 10:24; „Избегнувај ‚каков и да е повод за спрепнување‘ “).
10. Како да задржиме рамнотежа кога станува збор за изборот на брачен другар, за грижата да имаме добро здравје, и за тоа како да постапиме кога се работи за деловни зделки? (Псал. 26:4; Мат. 6:25; 1. Тим. 6:9; „Бидете потполно трезвени“).
11. а) Што е значајно во врска со приликите кога Исус уживал во гостољубивоста на другите? (Лука 10:42; 24:32). б) Како би можеле да ја задоволиме потребата од рекреација на начин што ќе нѐ освежи и нас и другите? (1. Кор. 10:31—33; „Здрави активности што освежуваат“).
12. Според 23. Псалм, кои благослови ги добиваме како Јеховини овци, и какви одговорности имаме? (1. Кор. 10:21; „Јехова е наш пастир“).
13. На кој начин христијаните му обрнуваат внимание на инспирираниот совет да си го ‚откупуваат поволното време‘? (Ефеш. 5:16; „Да си го откупуваме поволното време“).
14. а) Што вклучува ‚часот на суд‘, кој е спомнат во Откровение 14:7? б) Како даваме доказ дека навистина сме одделени од Големиот Вавилон? („ ,Бдејте‘ — дојде часот на суд“). в) Кои мисли од брошурата Бдејте! ти се допаѓаат?
15. Кои три особини ни се потребни за да не го ‚напуштиме правиот пат‘? (2. Петр. 2:15; „Чувај се да не го напуштиш ‚правиот пат‘ “).
16. Како можат младите да се држат подалеку од „патеката на злобните“? (Посл. 4:14, NW; „Млади — одете по патот на праведноста“).
17. а) Во кој поглед бил Павле извонреден пример на истрајност? (Дела 14:19, 20; 16:25—33). б) Зошто нема потреба да се плашиме од оние што му се противат на вистинското обожавање? (Драмата и говорот „Давај темелно сведоштво денес наспроти противењето“).
18. Какви благослови имаат оние што одат со Бог? („Одењето со Бог донесува благослови сега и засекогаш“).
Да бидеме решени да го слушаме ‚словото зад нас‘ за да одиме со нашиот небесен Татко засекогаш (Иса. 30:21; Јован 3:36).