Специјална кампања за да се дистрибуира новата брошура
1 Многу луѓе денес се вознемирени поради ситуацијата во светот, но малкумина сфаќаат зошто работите се такви какви што се, што ни носи иднината, и што мораат тие да направат за да го преживеат претстојниот суд (Езек. 9:4). Со цел да им се помогне да го сфатат значењето на времето во кое живееме, од понеделник, 18 октомври, до недела, 14 ноември, ќе биде спроведена специјална кампања за да се дистрибуира новата брошура Бдејте!
2 Брошурата може да се понуди во службата од куќа до куќа, кога правиме повторни посети, кога сведочиме неформално или, пак, на улица и на деловно подрачје. Меѓутоа, таа не треба да се дава туку-така. Напротив, брошурата треба да им се остави само на оние што ќе покажат интерес за она што го вели Библијата во врска со значењето на светските настани. На оние што покажуваат многу мал интерес за пораката може да им се понуди трактат.
3 Можеш да му го привлечеш вниманието на лицето така што ќе кажеш:
◼ „Многу луѓе се загрижени поради тешките проблеми и шокантните настани што денес се сосема вообичаени. [Наведи пример што е познат локално.] Дали сте знаеле дека овие работи биле проречени во Библијата? [Дозволи одговор. Потоа прочитај стих што одговара на примерот што си го навел, како Матеј 24:3, 7, 8; Лука 21:7, 10, 11; 2. Тимотеј 3:1—5.] Библијата го открива значењето на времињата во кои живееме и кажува што му претстои на човештвото во иднина. Дали би сакале да дознаете нешто повеќе за тоа? [Дозволи одговор. Понуди ја брошурата ако е покажан искрен интерес.] Оваа брошура можете да ја добиете бесплатно. Ако сакате да дадете скромен прилог за нашето светско дело, со задоволство ќе го прифатиме“.
4 Можеби следниот пристап ќе ти биде делотворен:
◼ „Многу луѓе денес се потресени од шокантни настани или од некоја тешка лична трагедија. Некои се прашуваат зошто Бог не се вмеша за да ги спречи ваквите работи. Библијата нѐ уверува дека Бог наскоро ќе направи нешто за да го ослободи човештвото од страдање. Забележете какви користи ќе им донесе тој на луѓето. [Прочитај Псалм 37:10, 11.] Дали би сакале да дознаете нешто повеќе?“ Заврши како што беше наведено погоре.
5 Обиди се да го дознаеш името и адресата на секого што ќе земе примерок од брошурата, и договори да се вратиш за да го негуваш интересот. Во Наша служба за Царството од ноември 2004 ќе излезат предлози за тоа како ќе може да се направи ова. Ако лицето покаже голем интерес уште при првиот контакт, можеби ќе можеш веднаш да започнеш библиска студија користејќи ја или брошурата Бдејте! или некоја друга публикација како, на пример, брошурата Бара.
6 Примероци од новата брошура ќе бидат достапни по Состанокот за служба на кој ќе се разгледа оваа статија. Се препорачува во почетокот објавителите и пионерите да земат само толку примероци колку што ќе им бидат потребни за првите неколку дена од кампањата. Нека Јехова ја благослови оваа посебна активност на негова фалба и нека таа биде за доброто на сите луѓе со искрени срца (Псал. 90:17).