Нова подготовка која ќе ни помогне да се воздржуваме од крв
За да ни помогне да го задржиме нашиот став да се воздржуваме од крв, Водечкото тело го одобри издавањето на еден нов документ Трајно полномоштво за здравствена грижа, кое општо ќе го наречеме ТП картичка.
ТП картичката важи неограничено и ќе служи како изјава за твоите желби во оваа земја и кога ќе патуваш во странство. Во иднина, нова ТП картичка ќе треба да пополниш во следниве случаи: 1) ако треба да направиш некаква промена во твојата ТП картичка, како на пример: промена во врска со твоите желби, со твоите застапници за здравствена грижа, адресите и телефонските броеви, или 2) ако си ја изгубил или е оштетена твојата ТП картичка.
Треба да се молиш за водство во врска со ТП картичката и внимателно да ја пополниш дома. Меѓутоа, пред да се потпише картичката, важно е да се постапува точно според правните формалности. На пример, ако во твојата картичка пишува дека мора двајца сведоци да те видат како се потпишуваш, тогаш тие треба да се присутни кога се потпишуваш. Надгледниците на студија на книга можат повремено да проверуваат дали им треба помош на оние што не ги пополниле новите картички.
Пред да ја здиплиш ТП картичката, направи по една квалитетна фотокопија за својот застапник за здравствена грижа, за заменикот-застапник, за својот лекар, како и за својата лична архива. Можеби ќе сакаш да им дадеш по една копија и на други членови на семејството и на собранискиот секретар. Секоја страница од картичката треба да се копира на посебен лист во стандарден А4 формат, а ТП картичката да биде во средината од листот. Со себе треба да ја носиш оригиналната ТП картичка, а не фотокопија.
Легитимацијата за некрстените деца на родители Сведоци не е променета. Родителите треба да проверат дали картичката за секое малолетно дете е правилно пополнета и потпишана и дали детето ја носи тогаш кога треба.
Некрстените објавители можат да го приспособат истиот текст од ТП картичката и од Легитимацијата за да си напишат упатства за здравствена грижа за себе и за своите деца. Секретарот треба да им даде ТП картички на сите објавители што ќе се крстат во текот на годината.