Дали одложуваш?
Што да одложувам? Пополнувањето на ТП (трајно полномоштво) картичката, која може да ја добие секој крстен Сведок. Бидејќи ‚не знаеш каков ќе ти биде животот утре‘, многу е важно однапред да одлучиш и да запишеш какви медицински третмани и постапки би прифатил ако итно ти треба медицинска помош (Јак. 4:14; Дела 15:28, 29). Во тоа многу ќе ти помогне DVD-то Alternative transfuziji — Dokumentarna serija. На ова DVD се наоѓа делот Alternative transfuziji — kvalitetno liječenje uz poštivanje prava pacijenta (на хрватски јазик). Гледај го, а потоа помоли се и со помош на прашањата што се дадени подолу размисли какви одлуки би донел ти. (Забелешка: Бидејќи во оваа документарна програма има кратки сцени со хируршки интервенции, родителите треба да проценат дали ќе им дозволат на своите деца да ја гледаат.)
1) Зошто некои медицински стручњаци го преиспитуваат својот пристап кон трансфузијата на крв? 2) Наведи три сложени хируршки интервенции кои се извршени без трансфузија на крв. 3) Колку лекари и хирурзи низ целиот свет се спремни да ги лекуваат своите пациенти без трансфузија на крв? Која е причината за тоа? 4) Што откриле некои неодамнешни истражувања за користењето на крвта? 5) Кои здравствени ризици се поврзани со трансфузијата на крв? 6) До какви заклучоци дошле многу стручњаци во врска со бескрвното лекување? 7) Зошто доаѓа до анемија? До кој степен телото може да толерира анемија? Како може да им се помогне на анемичните пациенти? 8) Како може во телото на пациентот да се поттикне создавањето на црвени крвни клетки? 9) Кои техники се користат за да се намали загубата на крв при операција? 10) Колку се успешни методите на бескрвно лекување кај мали деца или во итни случаи, кога животот на пациентот е во опасност? 11) Кое е едно од главните етички начела за квалитетна здравствена грижа? 12) Зошто е важно христијаните однапред да одлучат каква метода на бескрвно лекување ќе прифатат? Како можеме да го направиме тоа?
Секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој третман што е прикажан во оваа видео програма. Дали веќе имаш донесено јасна одлука за тоа кои методи на бескрвно лекување си спремен да ги прифатиш за себе и за своите деца? Дали си пополнил ТП картичка? Повеќе информации во врска со ова можеш да најдеш во 7. поглавје од книгата Божјата љубов и во другите публикации што се наведени во тоа поглавје. Исто така, види го додатокот „Каков е мојот став кон крвните фракции и медицинските постапки во кои е вклучена мојата сопствена крв?“ во Нашата служба за Царството од ноември 2006 год. На крајот, провери дали точно се ги внел своите одлуки во ТП картичката. За овие одлуки треба добро да бидат информирани и твоите застапници за здравствена грижа, како и членови на семејството кои не се Јеховини сведоци, а за кои сметаш дека треба да го знаат твојот став.
[Рамка на страница 3]
• Дали веќе си одлучил кои методи на бескрвно лекување си спремен да ги прифатиш за себе и за своите деца?
• Дали ја носиш својата пополнета ТП картичка за да ја имаш во итен случај?