ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/11 стр. 2
  • Дали знаеш каков избор имаш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали знаеш каков избор имаш?
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Дали знаеш каков избор имаш?
    Нашата служба за Царството 2009
  • Која е најквалитетната здравствена нега?
    Нашата служба за Царството 2007
  • Дали одложуваш?
    Нашата служба за Царството 2010
  • Дали одложуваш?
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 1/11 стр. 2

Дали знаеш каков избор имаш?

Во сѐ поголем број медицински центри во светот се вршат операции без употреба на крв. Дали знаеш какви бескрвни методи на лекување постојат во медицината? Тоа е многу важно зашто треба да бидеш добро информиран пред да донесеш некоја одлука во врска со твоето лекување или операција.

Прочитај ја статијата „Прашања од читателите“ од Стражарска кула од 15 октомври 2000, страници 30-31. Потоа одговори на следниве прашања: 1) Која е главната причина поради која Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв? 2) Зошто Јеховините сведоци одбиваат складирање на сопствената крв? 3) Опиши што е хемодилуција, а што собирање (колекционирање) на клетки. 4) Што треба да дознаеш пред да прифатиш некоја замена за трансфузија на крв?

На темел на рамката од 31. страница во Стражарска кула од 15 јуни 2004, одговори на следниве прашања: 1) За што треба да се разговара со лекарот пред операцијата? 2) Според последното прашање од рамката, што е мудро да направиме откако ќе ги добиеме информациите што сме ги побарале?

На темел на документарниот филм Лечење без крви — медицина удовољава изазову, кој се наоѓа на ДВД-то Алтернатива трансфузији — серија документарних филмова (на српски јазик), одговори на следниве прашања: 1) Кое основно право го има пациентот? 2) Можат ли да се направат тешки и сложени операции без трансфузија на крв? (Забелешка: Бидејќи во овој филм има кратки сцени со хируршки интервенции, родителите треба да проценат дали ќе им дозволат на своите деца да го гледаат.)

Секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој начин на лекување. Дали веќе имаш одлучено кои бескрвни методи на лекување и медицински постапки си спремен да ги прифатиш за себе и за своите деца? Дали си пополнил ТП картичка? Во тоа можат да ти помогнат наведените статии од Стражарска кула и додатокот од Нашата служба за Царството од ноември 2006 со наслов „Каков е мојот став кон крвните фракции и медицинските постапки во кои е вклучена мојата сопствена крв?“ Дали во тој додаток си ги напишал своите одлуки во врска со лекувањето и дали потоа точно си ги препишал во твојата ТП картичка? За овие одлуки треба да бидат детално информирани твоите застапници за здравствена грижа. Исто така, добро е да ги информираш и членовите на семејството кои не се Јеховини сведоци, но сепак сметаш дека треба да го знаат твојот став.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели