Која е најквалитетната здравствена нега?
„Секој пациент што се лекува без крв, всушност добива најквалитетно лекување.“ Ова го рекол Д-р Мајкл Роуз, директор на еден медицински центар и анестезиолог. Кои алтернативи на трансфузија на крв и кои постапки можат да се вклучат во „бескрвната медицина“? Тоа треба да го знаеш за да бидеш добро информиран пред да донесеш одлуки во врска со медицинските постапки и операции. Гледај ја видеопрограмата Без крв — медицината се справува со предизвикот. Потоа, провери го своето знаење со прашањата што следат подолу. (Забелешка: Бидејќи филмот содржи кратки сцени од хируршки интервенции, родителите треба да внимаваат кога одлучуваат дали нивните малолетни деца треба да го гледаат.)
1) Која е главната причина поради која Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв? 2) Кога станува збор за медицинска нега, што сакаат Јеховините сведоци? 3) Кое основно право го има пациентот? 4) Зошто е разумно и одговорно да се одбива трансфузија на крв? 5) Кога ќе се изгуби многу крв, кои две работи имаат за лекарите итен приоритет? 6) Кои четири начела важат за методите на лекување без трансфузија? 7) Како можат лекарите а) да ја намалат загубата на крв, б) да зачуваат што повеќе црвени крвни клетки, в) да поттикнат создавање на крв и г) да ја надоместат загубената крв? 8) Опиши ги постапките познати како а) хемодилуција и б) колекционирање на клетки. 9) Што треба да знаеш за која и да е алтернатива на трансфузија што ти е понудена? 10) Можат ли да се направат сериозни и сложени операции без трансфузија на крв? 11) Кои корисни чекори се преземаат во медицината?
Секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој третман што е прикажан во оваа видеопрограма. Дали веќе си размислил за тоа која метода на бескрвно лекување си спремен да ја прифатиш за себе и за своите деца? Членовите на семејството кои не се Јеховини сведоци исто така би требало да го знаат твојот став и причините за тоа. (Види во „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 15 јуни 2004 и 15 октомври 2000.)