Бескрвната медицина се справува со предизвикот
Колку добро си информиран во врска со опциите што се достапни на полето на бескрвната медицина? Знаеш ли кои се некои од алтернативите за трансфузија и како тие функционираат? Провери го своето знаење со помош на следниве прашања.
1) Која е главната причина што Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв, и каде се наоѓа тоа начело во Библијата? 2) Кога станува збор за медицинска нега, што сакаме ние? 3) Кои основни права ги имаат пациентите? 4) Зошто е разумно и одговорно да се одбие трансфузија на крв? 5) Кога ќе дојде до сериозно губење на крв, кои две итни работи се од приоритет за докторите? 6) Кои здравствени ризици се поврзани со трансфузија на крв? 7) Кои се некои од алатките што им се достапни на хирурзите за да го сведат на минимум губењето на крв во текот на операцијата? 8) За што би сакал да бидеш информиран кога станува збор за каква и да било алтернатива на трансфузија? 9) Можат ли тешките и комплицирани операции да се изведуваат без трансфузија на крв? 10) Што се спремни да направат за Јеховините сведоци сѐ поголем број лекари, и што може на крај да стане стандард во грижата на сите пациенти?
Без сомнение, разгледувањето на овие информации го зајакна нашиот непоколеблив став во врска со трансфузијата на крв. Треба да се нагласи дека прифаќањето на некое од многуте алтернативни лекувања е лична, совесна одлука. Ќе биде од помош ако уште еднаш се разгледаат информациите изнесени во „Прашања од читателите“ од Стражарска кула од 15 јуни и 15 октомври 2000.