Извлечи корист од видеокасетата „Без крв — медицината се справува со предизвикот“
Колку добро си запознаен со можностите што стојат на располагање на полето на бескрвната медицина? Дали знаеш кои алтернативи за трансфузија постојат и како функционираат тие? Гледај ја оваа видеокасета и провери го своето знаење со помош на прашањата што следат. (Забелешка: Поради тоа што филмот содржи кратки сцени од хируршки интервенции, родителите треба да внимаваат кога одлучуваат дали нивните малолетни деца треба да го гледаат.)
1) Која е главната причина поради која Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв, и каде се наоѓа тоа начело во Библијата? 2) Кога станува збор за медицинска нега, што сакаме ние? 3) Кое основно право го има пациентот? 4) Зошто е разумно и одговорно да се одбива трансфузија на крв? 5) Кога ќе се изгуби многу крв, кои две работи имаат за лекарите итен приоритет? 6) Кои здравствени ризици се поврзани со трансфузијата на крв? 7) Наброј некои алатки што ги имаат хирурзите на располагање за да се намали губењето крв при операција! 8) Што треба да знаеш за која и да е алтернатива на трансфузија што ти е понудена? 9) Можат ли да се направат сериозни и сложени операции без трансфузија на крв? 10) Што се спремни да направат за Јеховините сведоци сѐ поголем број лекари, и што би можело на крајот да стане стандард за нега на сите пациенти?
Секој лично, воден од својата совест, треба да одлучи дали ќе прифати некој третман што е прикажан на видеокасетата. (Види Стражарска кула од 15 јуни 2004, стр. 22-24, 29-31, и Стражарска кула од 15 октомври 2000, стр. 30 и 31.)