Документарна емисија за еден нов важен пристап во лечењето
Стручњаци од областа на правото и медицината обрнуваат се поголемо внимание на етичките ставови и правата на пациентите. Благодарејќи на ова, се развија нови методи на лекување и пристапи кои се од корист за Јеховините сведоци (Дела 15:28, 29). Токму за тоа зборува документарната емисија Методи на лекување без трансфузија — да се задоволат потребите и правата на пациентите. Гледај ја, а потоа повтори го тоа што си го научил. Забелешка: Родителите кои ќе ја гледаат оваа документарна емисија заедно со своите мали деца, треба да земат предвид дека во неа има кратки сцени со хируршки интервенции.
1) Зошто некои во медицинските кругови го преиспитуваат својот пристап кон трансфузијата на крв? 2) Наведи три сложени хируршки интервенции кои се извршени без трансфузија на крв. 3) Колку лекари и хирурзи низ целиот свет спремно ги лекуваат своите пациенти без да користат трансфузија на крв? Која е причината за тоа? 4) Што откриле некои неодамнешни истражувања за користењето на крвта? 5) Кои здравствени ризици се поврзани со употребата на трансфузија на крв? 6) До какви заклучоци дошле многу стручњаци во врска со бескрвното лекување? 7) Зошто доаѓа до анемија? До кој степен таа не е опасна за луѓето? Како може да се подобри состојбата? 8) Како може во телото на пациентот да се поттикне производство на црвени крвни клетки? 9) Кои техники се користат за да се намали губењето крв при операција? 10) Колку се корисни методите на бескрвно лекување кај мали деца или во итни случаи кога животот на пациентот е во опасност? 11) Кое е едно од главните етички начела за квалитетна здравствена грижа? 12) Зошто е важно христијаните однапред да се одлучат каква метода на бескрвно лекување ќе прифатат? Како можеме да го направиме тоа?
Секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој третман што е прикажан во оваа документарна емисија. Дали веќе си размислил за тоа која метода на бескрвно лекување си спремен да ја прифатиш за себе и за своите деца? Членовите на семејството кои не се Јеховини сведоци исто така би требало да го знаат твојот став и причините за тоа. (Види во „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 15 јуни 2004 и 15 октомври 2000).