Рубрика прашања
◼ Дали е препорачливо некој постојано да држи едно исто подрачје?
Од различни причини, некои поединци можеби ќе сметаат дека според нивните околности најдобро им одговара да работат едно одредено подрачје. На пример, на некои што немаат превоз им е позгодно да имаат подрачје што им е блиску до дома. Или некои што се физички ограничени можеби повеќе сакаат подрачје каде што има помалку скали за качување. Добро е кога можат да се стават вакви подрачја на располагање за да им се помогне на овие објавители да имаат редовен удел во делото на проповедање. Сепак, таму каде што е практично, има предности кога овие лица ќе го вратат доделеното подрачје откако го обработиле неколкупати. Ова им дозволува на другите што се во слични околности да го посетат тоа подрачје. Исто така, честопати е корисно различни објавители да го посетуваат подрачјето, имајќи на ум дека луѓето реагираат на различни личности. Објавител на поинаква возраст, со поинаков пристап или што наминува во друго време од денот може да има поголем успех за да ги достигне лицата. Резултат од тоа што ќе се дозволи различни објавители да обработат некое подрачје може да биде нешто што сите го посакуваме — делотворно да се посведочи на секого. Надгледникот за служба може да ги организира работите за да се постигне ова. Ако некој смета дека околностите му дозволуваат да задржи извесно подрачје, тогаш можно е одвреме-навреме и други да бидат замолени да учествуваат заедно со него во обработувањето на тоа подрачје. Можеби надгледникот на студија на книга ќе може да помогне одвреме-навреме да се организира групно сведочење. Кога другите ќе поттикнат интерес или ќе започнат студии, можеби ќе сакаат да продолжат со посетите. Или, пак, таквите посети можат да се предадат ако објавителот што го држи тоа подрачје е во најдобра положба делотворно да го следи интересот.
Решавачки фактор е: Што ќе биде најдобро за луѓето на тоа подрачје? Сакаме да се погрижиме за подрачјето на начин што ќе им даде најдобра помош на луѓето слични на овци.