Дали знаеш каков избор имаш?
Сѐ поголем број лекари низ целиот свет вршат бескрвни операции. Знаеш ли кои начини на лекување ти се достапни на полето на бескрвната медицина? Тоа е многу важно зашто треба да бидеш добро информиран пред да донесеш одлуки во врска со медицинските постапки и операции. Гледај ја видеопрограмата Лечење без крви — медицина удовољава изазову. Потоа, помоли се и со помош на прашањата што се дадени подолу размисли какви одлуки би донел ти. (Забелешка: Бидејќи во оваа документарна емисија има кратки сцени со хируршки интервенции, родителите треба да проценат дали ќе им дозволат на своите деца да ја гледаат.)
1) Која е главната причина поради која Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв? 2) Кога станува збор за медицинска нега, што сакаат Јеховините сведоци? 3) Кое основно право го има пациентот? 4) Зошто е разумно и одговорно да избереме некоја од алтернативите за трансфузија на крв? 5) Кога ќе се изгуби многу крв, кои две работи се најважни за лекарите? 6) Кои четири начела важат за методите на лекување без трансфузија? 7) Како можат лекарите а) да ја намалат загубата на крв, б) да зачуваат што повеќе црвени крвни клетки, в) да поттикнат создавање на крв и г) да ја надоместат загубената крв? 8) Опиши ги постапките познати како а) хемодилуција и б) колекционирање на клетки. 9) Што треба да знаеш за која и да е алтернатива на трансфузија што ти е понудена? 10) Можат ли да се направат сериозни и сложени операции без трансфузија на крв? 11) Кои корисни чекори се преземаат во медицината?
Секој лично, според својата совест која е водена од библиските начела, треба да одлучи дали ќе прифати некој третман што е прикажан во оваа видеопрограма. Дали веќе имаш донесено одлука за тоа кои методи на бескрвно лекување си спремен да ги прифатиш за себе и за своите деца? Дали си потполнил ТП картичка? Повеќе информации во врска со ова можеш да најдеш во „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 15 јуни 2004 год. и од 15 октомври 2000 год. Потоа, за да ги донесеш своите одлуки во врска со тоа кои методи ќе ги прифатиш а кои ќе ги одбиеш, користи ги прашалниците во Нашата служба за Царството од ноември 2006 год., во додатокот „Каков е мојот став кон крвните фракции и медицинските постапки во кои е вклучена мојата сопствена крв?“ На крајот, провери дали точно си ги внел своите одлуки во твојата ТП картичка. За овие одлуки треба добро да бидат информирани и твоите застапници за здравствена грижа. Исто така, добро е да ги информираш и членовите на семејството што не се Јеховини сведоци а за кои сметаш дека треба да го знаат твојот став.
[Рамка на страница 3]
• Дали веќе си одлучил кои методи на бескрвно лекување си спремен да ги прифатиш за себе и за своите деца?
• Дали ја носиш својата пополнета ТП картичка за да ја имаш во итен случај?