Покажи благодарност за Јеховината верна љубов
Христовата смрт ќе се одбележи на 24 март
1. Како ни покажал Јехова верна љубов?
1 Псалмистот воскликнал: „Нека му благодарат на Јехова за неговата верна љубов и за делата чудесни што ги направи за синовите човечки“ (Пс. 107:8, NW). Божјата верна љубов не е само љубезноста и сочувството што тој го има кон луѓето. Тоа јасно се гледа од инспирираниот израз на фалба: „Твојата верна љубов, Јехова, ме поткрепи“ (Пс. 94:18, NW). Колку извонредна верна љубов покажал Јехова со тоа што го дал својот единороден Син за нас! (1. Јов. 4:9, 10).
2. Како можеме да ја покажеме нашата благодарност кон Јехова?
2 Како што се приближува Меморијалот на Христовата смрт, на кој начин можеме да покажеме благодарност кон ‚Богот на верната љубов‘ (Пс. 59:17, NW) Секој од нас треба да си одвои време за да размислува длабоко за Исусовите последни денови на Земјата (Пс. 143:5). Исто така ќе биде корисно да го следиме распоредот за посебното читање на Библијата за Меморијалот кој се наоѓа во Секојдневно испитување на Писмото — 2005 и, ако е можно, дополнително да ги прочитаме и да ги истражиме поглавјата 112-116 од книгата Најголемиот човек заедно со други публикации темелени на Библијата. Задржи се на пасусот што го читаш и задлабочи се во него (1. Тим. 4:15). Кога размислуваме под молитва за Божјата реч, не само што се храни нашето срце туку ја покажуваме и нашата љубов кон Јехова (Мат. 22:37).
3, 4. а) Како можеме да го имитираме ставот на нашите браќа од Либерија? б) Кого планираш да го поканиш на Меморијалот?
3 Поттикни ги другите да му благодарат на Бог: Минатата година на Меморијалот беа присутни 16.760.607 низ целиот свет. Во едно село во Либерија, браќата му напишале писмо на градоначалникот, со кое го информирале дека сакаат да ја одбележат Господовата вечера во неговото место. Градоначалникот им дозволил на браќата за таа прилика да го користат локалното фудбалско игралиште и дал известување во врска со тоа низ целата област, поканувајќи ги луѓето да присуствуваат. Иако имало само петмина објавители во селото, на Меморијалот присуствувале 636 лица!
4 На сличен начин, сакаме да им помогнеме на колку што е можно повеќе луѓе да ни се придружат во одбележувањето на Меморијалот. Зошто да не направиш список на оние што сакаш да ги поканиш? Илустрациите на последните страници од Разбудете се! од 8 март и Стражарска кула од 15 март, содржат по една покана. Може да се користат и печатените покани за Меморијалот. На самата покана отчукај ги или читливо напиши ги со печатни букви времето и местото на Меморијалот и остави му по една на секој што ќе го поканиш. Кога ќе наближи 24 март, повторно јави им се за да ги потсетиш и да го потврдиш тоа што сте го договориле.
5. Како можеме да ги поттикнеме лицата кои ја проучуваат Библијата да присуствуваат?
5 Како можеме да им помогнеме на лицата кои ја проучуваат Библијата, а кои сѐ уште не доаѓаат на состаноците, да присуствуваат и да извлечат целосна корист од настанот? Одвој по неколку минути за време на секоја студија, за да изградиш ценење за важноста на настанот. Можеш да најдеш одличен материјал за тоа во Стражарска кула од 15 март 2004, страници 3-7 и во книгата Расправљање страници 377-381.
6. Зошто е важно срдечно да ги пречекаме гостите на Меморијалот?
6 Срдечно пречекај ги гостите: Пристапи им и срдечно пречекај ги гостите на Меморијалот (Рим. 12:13). Погрижи се да седиш до оние што си ги поканил и провери дали имаат Библија и песнарка. Посебно ќе биде убаво ако преземеме иницијатива срдечно да го поздравиме секој неактивен брат и сестра кои се потрудиле да дојдат. Нашиот љубезен интерес може да им помогне да почнат повторно редовно да се дружат со собранието (Лука 15:3–7). За оваа најсвета прилика, сите да направиме сѐ што можеме за да ги поттикнеме другите да ни се придружат во тоа да му покажеме благодарност на Јехова за неговата „чудесна верна љубов“ (Пс. 31:21).