Сведоштво без зборови
1 Без да каже ниту еден збор, творештвото на Јехова зборува многу за Неговите невидливи особини (Пс. 19:1-3; Рим. 1:20). На сличен начин, нашето добро однесување, христијанските особини и скромното облекување, даваат сведоштво без зборови (1. Петр. 2:12; 3:1-4). Секој од нас треба да има желба со своето добро однесување ‚да го украсува учењето на нашиот Спасител, Бог, во сѐ‘ (Тит 2:10).
2 Како е можно несовршени луѓе да ги направат попривлечни библиските учења? Ова е можно само преку водството од Божјата Реч и моќта на светиот дух (Пс. 119:105; 143:10). Божјата Реч „е жива и врши силно влијание и е поостра од кој и да било меч со две сечила“ (Евр. 4:12). Таа продира длабоко во нас и ни помага да ја облечеме новата личност (Кол. 3:9, 10). Светиот дух произведува во нас добри особини, како што се љубезност, доброта, благост и самосовладување (Гал. 5:22, 23). Дали ние лично дозволуваме Божјата Реч и дух да дејствуваат во нашиот живот? (Ефеш. 4:30; 1. Сол. 2:13).
3 Другите забележуваат: Ако живееме според мерилата на Јехова и се трудиме да ги покажуваме неговите особини, другите ќе го забележат тоа. Разгледај го примерот на еден човек, кој бил исмејуван од колегите затоа што бил низок. Една сестра, која работела во истата канцеларија, секогаш се однесувала со него со достоинство и почит. Ова го поттикнало да ја праша зошто толку се разликува од другите. Таа објаснила дека се однесува со почит кон другите затоа што во животот ги применува библиските начела. Исто така му ја кажала прекрасната надеж за Царството. Човекот почнал да ја проучува Библијата и со текот на времето се крстил. Кога се вратил во својата татковина, роднините биле импресионирани од неговото добро однесување и неколку од нив исто така ја прифатиле вистината.
4 На работа, во училиште или во постапките со роднините и соседите, ние можеме со нашето добро однесување и со тоа што ќе сведочиме, да ги поттикнеме другите да му оддадат слава на Бог (Мат. 5:16).