1) Прашање, 2) стих, и 3) поглавје
Книгата Што навистина учи Библијата? може едноставно да се понуди на следниов начин: 1) прашај го лицето да каже свое мислење за некоја тема, 2) прочитај соодветен стих, и 3) покажи едно поглавје од книгата во кое се зборува за таа тема, со тоа што ќе ги прочиташ воведните прашања под насловот од тоа поглавје. Ако станарот покаже интерес, би можел да му покажеш како изгледа една библиска студија со помош на воведните пасуси од тоа поглавје. Оваа метода може да се користи за да се започне студија на ново место или кога правиме повторни посети.
◼ „Што мислите, дали е можно ние, обичните луѓе, да го запознаеме семоќниот Творец, како што е запишано тука во Библијата?“ Прочитај Дела 17:26, 27 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 1.
◼ „Покрај толку многу проблеми денес, што мислите, дали е можно да најдеме утеха и надеж како што е опишано тука?“ Прочитај Римјаните 15:4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 2.
◼ „Кога би имале моќ, дали би ги направиле следниве промени?“ Прочитај Откровение 21:4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.
◼ „Што мислите, дали нашите деца некогаш ќе ги доживеат условите што се опишани во оваа древна песна?“ Прочитај Псалм 37:10, 11 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.
◼ „Што мислите, дали некогаш ќе се исполнат овие зборови?“ Прочитај Исаија 33:24 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 3.
◼ „Сте се прашувале ли некогаш дали мртвите знаат што прават живите?“ Почекај да одговори. Потоа прочитај Проповедник 9:5 и покажи го поглавје 6.
◼ „Што мислите, дали е можно еден ден повторно да ги видиме нашите блиски што умреле, како што рекол Исус во овие стихови?“ Прочитај Јован 5:28, 29 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 7.
◼ „Според вас, што е потребно за да се извршува Божјата волја на Земјата како што се врши на небото, како што е спомнато во оваа позната молитва?“ Прочитај Матеј 6:9, 10 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 8.
◼ „Што мислите, дали живееме во времето што е опишано во ова пророштво?“ Прочитај 2. Тимотеј 3:1-4 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 9.
◼ „Многу луѓе се прашуваат зошто човечките проблеми се зголемуваат. Дали некогаш сте помислиле дека ова е причината за таа состојба?“ Прочитај Откровение 12:9 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 10.
◼ „Дали некогаш сте посакале да го дознаете одговорот на следново прашање?“ Прочитај Јов 21:7 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 11.
◼ „Што мислите, дали примената на овој совет од Библијата би им помогнал на луѓето да имаат среќен семеен живот?“ Прочитај Ефешаните 5:33 и почекај да одговори. Потоа покажи го поглавје 14.
Откако на лицето си му покажал како изгледа библиска студија и потоа си ја одржал два пати, а постои веројатност дека ќе се продолжи и понатаму, тогаш можеш да ја известиш студијата.