Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 јан.
„Во последниве години, постои сѐ поголем интерес за ангелите. Сте се прашале ли некогаш кои се тие и како влијаат врз нашиот живот? [Почекај да одговори. Прочитај Псалм 34:7.] Во ова списание можеме да видиме што вели Библијата за активностите на ангелите — во минатото, денес и во иднина.“
Разбудете се! јан.
„Денес можеме да најдеме совети скоро за секоја работа. Што мислите, колку можеме да им веруваме на тие совети? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 2. Тимотеј 3:16.] Овој број на Разбудете се! покажува зошто можеме со доверба да гледаме на Библијата како на извор на практична мудрост.“ Понуди го списанието покажувајќи ја статијата што почнува на страница 18.
Стражарска кула 1 фев.
„На сите ни требаат пари за живот. Но дали би се согласиле дека треба да се чуваме од опасноста што е спомната тука? [Прочитај 1. Тимотеј 6:10 и почекај да одговори.] Овој број на Стражарска кула ни помага да ги препознаеме вообичаените замки на материјализмот и кажува како да ги избегнеме.
Разбудете се! фев.
„Многумина од нас се прашуваат како да им помогнеме на своите остарени роднини и пријатели за полесно да излезат на крај со староста. Нели е така? [Почекај да одговори.] Ова списание дава предлози како можеме да им го олесниме животот. Исто така објаснува како ќе се исполни следново пророштво.“ Прочитај Јов 33:25.