Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 јан.
„Што мислите, каде можат брачните парови да најдат проверени совети? [Почекај да одговори.] Забележете кој го создал бракот. [Прочитај 1. Мојсеева 2:22.] Бог дал и упатства за важните улоги на сопругот и сопругата? Ова списание зборува за тоа.“
Разбудете се! Јан.
„Дали сте забележале дека мнозина што тврдат дека се христијани не ги применуваат учењата на Исус? [Почекај да одговори.] На пример, многумина не ги почитуваат следниве зборови на Исус. [Прочитај Јован 13:35.] Оваа статија покажува каква е разликата меѓу учењата на Исус и гледиштата на мнозина што тврдат дека се христијани.“ Покажи ја статијата што почнува на 18. страница.
Стражарска кула 1 фев.
„Што мислите, дали светот би бил подобар ако сите би живееле според овие зборови? [Прочитај Ефешаните 4:25. Потоа почекај да одговори.] Многу луѓе мислат дека лажењето е прифатливо во некои ситуации. Ова списание објаснува зошто е корисно секогаш да ја кажеме вистината.“
Разбудете се! Фев.
„Изгледа дека во некои места луѓето го менуваат својот став кон религијата. Што мислите, дали црквите го губат своето влијание? [Почекај да одговори.] Овие зборови на апостол Павле објаснуваат зошто некои ја изгубиле довербата во религијата. [Прочитај Дела 20:29, 30.] Ова списание покажува што вели Библијата за иднината на христијанството.“