Уживај во проучувањето на книгата Што навистина учи Библијата?
1 Еден возбудлив дел од обласните конгреси „Послушни на Бог“ беше објавувањето на книгата Што навистина учи Библијата? Наскоро ќе ја користиме многу често во службата на проповедање, особено кога ќе ја проучуваме Библијата со заинтересираните лица. Затоа треба добро да се запознаеме со оваа нова публикација. Ќе можеме да го сториме тоа така што ќе ја разработиме на состанокот за Собраниско проучување на книга, почнувајќи од 17 април 2006 година.
2 Надгледникот на Собраниското проучување на книга ќе го насочи вниманието на прашањата наведени во почетокот на секое поглавје. Потоа ќе се проучува материјалот со помош на прашањата на дното од страницата. Ќе бидат прочитани и ќе се дискутира за клучните стихови. Рамката „Што учи Библијата“, на крајот од секое поглавје, ќе ни помогне да го повториме материјалот затоа што во неа се наоѓаат библиски одговори на прашања од почетокот на поглавјето. Сигурно со задоволство ќе коментираш затоа што оваа книга ги обработува темите на јасен, едноставен и интересен начин.
3 Во додатокот на книгата се наоѓаат детални објаснувања на различни теми. Овој материјал можеме да го користиме кога на лицата со кои проучуваме ќе им требаат повеќе информации за некоја тема. Понекогаш, за време на Собраниското проучување на книга, ќе бидат обработени делови од додатокот. Оној што е задолжен да чита на тој состанок ќе го прочита целиот материјал од додатокот во врска со некоја тема, а подолгите статии можат да бидат обработени дел по дел. Во додатокот нема прашања за проучување. Но, надгледникот може да ги замоли присутните да одговорат со тоа што ќе поставува прашања кои ги истакнуваат главните мисли.
4 За време на овие состаноци книгата Што учи Библијата ќе се проучува малку побрзо. Но, кога ќе ја проучуваме со други лица, особено ако тие имаат мало или немаат никакво познавање на Библијата, не се очекува да проучуваме со исто темпо (Дела 26:28, 29). Тогаш треба потемелно да ги разгледаме стиховите, да ги објасниме сликите итн. Затоа, постави си за цел да присуствуваш секоја седмица и целосно да учествуваш во проучувањето на книгата Што навистина учи Библијата?