ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/06 стр. 3
  • Тие даваат пример за верност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие даваат пример за верност
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2010
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Благословите од пионерската служба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Потсетник за секретарот и за надгледникот за служба
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 7/06 стр. 3

Тие даваат пример за верност

1 Во 1937 година започна една нова гранка во полновремената служба — специјалната пионерска служба. Способни мажи и жени, искусни во христијанската служба, спремно прифатија да служат таму каде што ќе ги испрати организацијата, сеедно каде ќе биде тоа. И денес, со децении подоцна, специјалните пионери сѐ уште даваат пример за верност што вреди да го следиме (Евр. 6:12).

2 Тие предводеа: Во почетокот, специјалните пионери предводеа во проповедањето со тоа што користеа преносливи фонографи, кои ги пуштаа пред вратата на станарите. На повторните посети тие користеа и снимени говори како темел за библиски дискусии. Ова се правеше во поголемите градови каде што веќе беа основани собранија. Подоцна, специјалните пионери беа испраќани на подрачја каде што имаше поголема потреба од објавители на Царството. Тие продолжија да ги посетуваат сите заинтересирани лица и со нив ја проучуваа Библијата. Како резултат на нивната ревност беа формирани стотици нови собранија. Нивното неуморно проповедање придонесе за огромниот пораст на организацијата што го гледаме денес (Иса. 60:22). Специјалните пионери и понатаму имаат важна улога во ширењето на добрата вест „на сето создание што е под небото“ (Кол. 1:23).

3 Добар пример за сите: Некои специјални пионери служеле со децении во полновремената служба. Низ годините, овие лојални мажи и жени ја зајакнале својата вера во разни околности (1. Петр. 1:6, 7). Тие биле спремни да ги жртвуваат материјалните удобности за да служат на места каде што има поголема потреба. Некои се во поодминати години и имаат слабо здравје или, пак, се справуваат со други тешки ситуации (2. Кор. 4:16, 17). Сепак, тие „и во старост донесуваат плодови“ (Пс. 92:14). Се потпираат на Јехова и го доживуваат неговиот благослов (Пс. 34:8; Посл. 10:22).

4 Специјалните пионери навистина заслужуваат од срце да ги пофалиме. Ако во вашето собрание служат специјални пионери, искористи ја можноста да се дружиш со нив и да учиш од нивното искуство. Покажи дека ја цениш службата што ја вршат како верни објавители на Царството. Нивната непоколебливост нека ти биде извор на сила. Сите што го следат нивниот пример на вера можат исто така да добијат милост и благослови од Јехова зашто „оние што постапуваат верно му донесуваат радост“ (Посл. 12:22, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели