Во септември ќе се нуди специјално издание на Разбудете се!
1 Скоро секој ужива во птичјиот пој и во глетката на зајдисонцето. Меѓутоа, многумина не признаваат дека еден љубезен небесен Татко ги создал тие работи. Со тоа што ќе го делиме специјалното издание на Разбудете се! ќе имаме посебна можност да сведочиме за Јеховиното творештво (Иса. 40:28; 43:10). Септемврискиот број е целосно посветен на темата: „Постои ли Творец?“
2 На подрачјето: Ако е можно, организирај се за да можеш заедно со собранието секоја сабота да учествуваш во службата од куќа до куќа. Се разбира, можеш слободно да го нудиш специјалното издание и во друго време во текот на седмицата. Учителите, како и други што работат во образованието, веројатно ќе бидат особено заинтересирани за овој број. Затоа, можат да се направат посебни подготовки за да се посетат такви лица, ако ги има на вашето подрачје.
3 Ако некој покаже интерес, постави му прашање на кое ќе му одговориш при следната посета. На пример, би можел да го прашаш зошто еден љубезен Творец би дозволил да има толку многу страдања. Потоа, на повторната посета, би можеле да го разгледате 1. или 11. поглавје од книгата Што учи Библијата. Или би можел да го прашаш каква намера има Творецот со Земјата, па следниот пат да го разгледате 3. поглавје.
4 На училиште: Ако одиш на училиште, би можел да им го подариш специјалното Разбудете се! на твоите наставници и на соучениците. Со тоа што само ќе оставиш еден примерок на својата клупа, можеби ќе поттикнеш некого да те праша во врска со нашите верувања. Веројатно ќе имаш можност да искористиш некои информации од списанието кога ќе зборуваш за своите верувања на часовите на кои се дискутира на некоја тема и кога ќе правиш писмена задача. За да ти помогне, овој број содржи статија со наслов: „Младите прашуваат — како да го одбранам моето верување во создавањето?“
5 Јехова заслужува да му оддадеме чест и слава за она што го создал (Откр. 4:11). Ние можеме да му укажеме чест на нашиот Творец, и да им помогнеме и на другите да го прават тоа, ако со воодушевеност им го нудиме септемврискиот број на Разбудете се!