Во ноември ќе го нудиме специјалното издание на Разбудете се!
1 Многу луѓе имаат искрени прашања во врска со тоа дали вреди да се чита Библијата. ‚Ако ја напишале луѓе, зошто се нарекува Божја реч? Зошто да имам доверба дека Библијата може да ме води во животот? Ќе се исплати ли да вложам време и труд за да ја читам и проучувам Библијата? Кој превод да го користам?‘ Ова се некои од прашањата што се одговорени во ноемвриското специјално издание на Разбудете се! со наслов „Можеш ли да ѝ веруваш на Библијата?“
2 Да се потрудиме да им го поделиме ова списание на сите што ќе ги сретнеме на подрачјето. Ако си во можност, учествувај во службата од куќа до куќа заедно со другите објавители од собранието секоја сабота во ноември. Понуди им го ова Разбудете се! на твоите роднини, соседи, колеги, наставници, соученици и на оние што редовно ги посетуваш. Секогаш носи со себе примероци од списанието кога пазаруваш и кога патуваш. Старешините веќе имаат нарачано повеќе од вообичаениот број примероци за собранието да има на располагање доволно списанија.
3 Започни библиска студија: Кога ќе му го дадеш списанието на станарот, може да поставиш темел за библиска студија пред да го завршиш разговорот со него. На пример, би можел да кажеш: „Следниот пат би сакал да Ви покажам каков одговор дава Библијата на прашањето ‚Каква е Божјата намера со Земјата?‘“ Кога ќе дојдеш повторно, отвори ја книгата Што учи Библијата на страниците 4 и 5 или поразговарајте за пасусите 1-3 од 3. поглавје. Би можел да кажеш и вака: „Следниот пат би сакал да поразговараме за едно библиско пророштво што се исполнува во денешно време“. Кога ќе го посетиш повторно, покажи му го 9. поглавје од книгата и поразговарајте за пасусите 1-3. Или едноставно би можел да му речеш на станарот: „На многумина им е тешко да го разберат она што ќе го прочитаат во Библијата. Следниот пат би сакал да Ви покажам како подобро да ја разберете Библијата“. На повторната посета, понуди му ја книгата Што учи Библијата и покажи му како се проучува.
4 Само во Библијата се наоѓаат „светите списи“ кои можат да нѐ направат ‚мудри за спасение‘ (2. Тим. 3:15). Затоа, секој од нас треба да си постави за цел ревносно да го нуди ова специјално издание на Разбудете се! за да им помогнеме на луѓето да стекнат доверба во Библијата!