Стани повешт во службата — како да ја нудиме книгата Што учи Библијата
Зошто е важно: Книгата Што учи Библијата е основна публикација што ја користиме за поучување. Меѓутоа, за да ја проучуваме со некого, мора прво да му ја дадеме. Затоа, сите треба да се трудиме да научиме вешто да ја нудиме книгата Што учи Библијата во службата (Изреки 22:29). Бидејќи има многу начини на кои можеме да ја понудиме, секој објавител може да избере начин што е најуспешен за него.
Предлози за месецот:
За време на Семејната вечер посветена на Јехова, вежбајте како да ја нудите оваа книга.
Кога си во служба, кажи им на другите објавители како планираш да ја понудиш книгата (Изр. 27:17). Измени го уводот ако нема резултати.