Стани повешт во службата — Започни библиска студија со помош на книгата Што учи Библијата
Зошто е важно: Многу луѓе нема да нѐ сфатат ако им кажеме дека им нудиме бесплатен библиски курс. Би можеле да помислат дека тоа е голема обврска за нив. Наместо да им понудиме курс, зошто да не им покажеме како изгледа таквиот курс? За само неколку минути, дури и на врата, можеме да покажеме колку лесно и поучно е тоа.
Предлог за месецот:
Моли го Јехова да те благослови додека се трудиш да започнеш библиска студија (Фил. 2:13).
Пробај да започнеш библиска студија со помош на книгата Што учи Библијата или пушти го видеото Како изгледа еден библиски курс? барем еднаш додека си во служба.