Посети ги сите што покажале некаков интерес
1 Многумина од нас денес се во вистината затоа што некој го забележал нашиот интерес за пораката за Царството и стрпливо нѐ посетувал — можеби повеќе пати — за да ни го зголеми интересот. Слично на тоа, и ние треба совесно да ги посетиме сите што ќе покажат некаков интерес. Во нашата задача да ‚правиме ученици‘ спаѓаат и повторните посети (Мат. 28:19, 20).
2 Забележи го интересот: Дури и ако човекот не сака да земе литература, од изразот на лицето, од тонот на гласот или од неговите зборови, можеме да забележиме дека тој сепак има некаков интерес за пораката за Царството. Тоа е доволно голема причина повторно да го посетиме. Еден брат пет седмици по ред посетувал некој човек, иако не му оставал литература. Кога го посетил шестиот пат, човекот зел литература и со текот на времето почнал да ја проучува Библијата.
3 Ако забележиш дека некој е заинтересиран, посети го брзо, можеби по неколку дена. Не му давај можност на „Злобниот“ да го грабне она што е веќе посеано во срцето на тој човек (Мат. 13:19). Погрижи се да си го одржиш ветувањето ако сте се договориле да дојдеш во некое конкретно време (Мат. 5:37).
4 Кога сведочиме на улица: Дали се обидуваш и понатаму да им помагаш на оние што покажале некаков интерес кога си им сведочел на улица или неформално? На крајот на вашиот разговор би можел да кажеш: „Уживав во разговорот. Каде би можел да ве најдам за повторно да поразговараме?“ Кога тоа е соодветно, некои објавители можеби ќе одлучат да му го дадат својот телефонски број на заинтересираното лице или да го замолат да си ги разменат телефонските броеви. Ако луѓето гледаат како редовно сведочиш на улица на истото место, тие можеби ќе бидат поспремни да ти го дадат својот телефонски број или адресата. Дури и ако не сакаат да ти кажат како да контактираш со нив, сепак би можел да се обидеш да го зголемиш нивниот интерес следниот пат кога ќе ги сретнеш на улица.
5 Кога ќе видиме како растат цвеќињата што ги полеваме и ги одгледуваме, ние сме радосни. Слично на тоа, ќе бидеме многу радосни ако редовно ги посетуваме луѓето и ако им помагаме духовно да напредуваат (1. Кор. 3:6). Постави си цел да ги посетуваш сите што покажале некаков интерес.