ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/06 стр. 6
  • Спремниот дух носи благослови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спремниот дух носи благослови
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • „Да им правиме добро на сите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Помагај во некој градежен проект
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Можеш ли да му ги даваш на Јехова своето време и сила?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Изградба на Сали на Царството — важен аспект од светата служба
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 12/06 стр. 6

Спремниот дух носи благослови

1. Како Давид и Неемија покажале спремен дух?

1 Кога Голијат им се потсмевал на четите на Израелците, секој од војниците би можел да се бори со него. Но токму едно овчарче, кое не било обучено за војна, доброволно се пријавило (1. Сам. 17:32). Кога изгнаните Евреи се вратиле во Ерусалим и не ги изградиле ѕидовите на градот, пехарникот на царот на Персија спремно ја напуштил својата висока положба во дворецот и отпатувал во Ерусалим за да ја организира работата (Неем. 2:5). Јехова ги благословил овие двајца мажи, Давид и Неемија, за ставот што го покажале (1. Сам. 17:45, 50; Неем. 6:15, 16).

2. Зошто треба христијаните да имаат спремен дух?

2 Денес, во светот има сѐ помалку луѓе што се спремни да помагаат. Во овие ‚последни денови‘, луѓето се зафатени со многу активности и многумина се „себељубиви“ (2. Тим. 3:1, 2). Лесно е човек да се преокупира со личните интереси, па да не ги забележи можностите доброволно да ја понуди својата помош кога таа им е потребна на другите. Но ние, како христијани, сакаме да го следиме примерот на Исус, кој презел иницијатива да им помага на луѓето (Јован 5:5-9; 13:12-15; 1. Пет. 2:21). Како можеме да покажеме спремен дух, и какви благослови ќе добиеме од тоа?

3. Како со нашиот спремен дух можеме да придонесеме на собраниските состаноци?

3 Во корист на нашите браќа: Можеме да им дадеме „духовен дар“ на другите ако спремно коментираме на состаноците кога тоа е предвидено со програмата (Рим. 1:11). Со нашите коментари го славиме Јехова, вистината ни се врежува подлабоко во умот и во срцето, и повеќе уживаме на состаноците (Пс. 26:12). Можеме и доброволно да се пријавиме да имаме говор во Теократската школа за служба, кога ќе биде потребно да се замени некој. Тоа ќе ни помогне да ја подобриме нашата способност да поучуваме.

4. На кои други начини можеме да покажеме спремен дух?

4 Браќата можат да покажат спремен дух ако се трудат да ги исполнат условите за да се грижат за некои одговорности во собранието (Иса. 32:2; 1. Тим. 3:1). Сите можеме да помогнеме собирите и конгресите да се одржуваат без проблеми со тоа што доброволно ќе се пријавиме да работиме во различните оддели. Кога доброволно се пријавуваме да одиме во служба заедно со патувачкиот надгледник или да го поканиме на ручек, тогаш ‚заемно се охрабруваме‘ (Рим. 1:12). Ако се понудиме да им помогнеме на сирачињата, вдовиците, болните и немоќните, мајките со мали деца и другите во собранието, тогаш ќе доживееме радост и ќе добиеме благослов од Јехова (Изр. 19:17; Дела 20:35).

5. За кои други работи во врска со Салата на Царството се потребни спремни доброволци?

5 Еден друг начин на кој можеме спремно да ги понудиме нашето време и нашата сила е да помагаме во чистењето и одржувањето на Салата на Царството. Освен тоа, бидејќи многу луѓе доаѓаат во вистината, има сѐ поголема потреба од нови Сали на Царството и од доброволци за да ги изградат. Еден брачен пар, иако немал искуство во градежни работи, се ставил на располагање да му помогне на Регионалниот одбор за изградба. Со текот на времето, брачниот пар добил обука и сега помага при ѕидањето. Сопругата рекла: „Поради тоа што работиме рамо до рамо со другите, станавме блиски пријатели. На крајот на денот физички сме изморени, но духовно сме освежени“.

6. Зошто службата на проповедање е најважната доброволна работа што можеме да ја извршуваме?

6 Со проповедањето: Најважната активност која можеме доброволно да ја извршуваме денес е делото на проповедање за Царството. Додека им помагаме на луѓето да ја разберат поуката од Библијата и да живеат во склад со неа, тие добиваат смисла во животот и сила да ги надминат штетните навики. Тие учат за прекрасната библиска надеж за иднината. Со тоа што ги поучуваме луѓето за Библијата, ние радосно извршуваме една доброволна служба која трајно ќе им користи (Јован 17:3; 1. Тим. 4:16). Можеме да размислиме дали нашите околности ни дозволуваат во поголема мера да учествуваме во ова дело со тоа што ќе служиме како помошни или општи пионери, ќе се преселиме таму каде што има поголема потреба или со тоа што ќе научиме друг јазик.

7. Зошто е особено важно денес спремно да служиме?

7 Цар Давид прорекол дека во времето кога Месијата ќе почне да владее, Божјиот народ „спремно ќе се понуди“ (Пс. 110:3). Додека Јехова ја забрзува последната духовна жетва, има многу работа за која се потребни доброволци (Иса. 60:22). Дали спремно велиш: „Еве ме мене, испрати ме мене“? (Иса. 6:8). Навистина, кога покажуваме спремен дух, го радуваме Јехова и добиваме богати награди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели