Ја цениме честа што ни ја укажува Бог!
1 Низ човечката историја, Јехова им укажувал чест на своите слуги давајќи им разни дарови. Тоа го правел независно од нивниот пол, возраст или положба во општеството (Лука 1:41, 42; Дела 7:46; Фил. 1:29). А како ни укажува чест нам денес?
2 Како Бог ни укажува чест: За нас е чест што сме поучени од Јехова (Мат. 13:11, 15). Освен тоа, ја цениме и честа да го славиме Јехова со нашите коментари на собраниските состаноци (Пс. 35:18). Затоа, со радост коментираме секогаш кога ни се дава можност за тоа. На сличен начин, ако секоја задача во собранието ја сметаме за чест, ќе ја извршиме со цело срце. Дали со истиот тој став редовно учествуваме и во чистењето и одржувањето на Салата на Царството?
3 За разлика од милиони луѓе кои не се сигурни дали Бог им ги слуша молитвите, ние имаме чест молитвите да ни ги слуша најважната Личност во вселената (Изр. 15:29). Јехова лично ги слуша молитвите на своите слуги (1. Пет. 3:12). Тој ни дозволува постојано да му се обраќаме во молитва. Навистина е скапоцен подарок тоа што можеме да му се молиме „во секоја пригода“! (Еф. 6:18).
4 „Божји соработници“: Еден од најголемите дарови што ни ги дава Бог е честа да бидеме „Божји соработници“ со тоа што ја објавуваме добрата вест за неговото Царство (1. Кор. 3:9). Таа задача ни носи задоволство и нѐ освежува (Јован 4:34). Јехова нема потреба да користи луѓе за да го изврши ова дело, но тој сепак ни ја дал таа задача затоа што многу нѐ сака (Лука 19:39, 40). Меѓутоа, Јехова не му ја укажува оваа чест на секого. Оние што ја проповедаат добрата вест мора да исполнат одредени барања во поглед на духовноста (Иса. 52:11). Дали покажуваме дека ја цениме оваа чест со тоа што секоја седмица редовно проповедаме?
5 Сите дарови што ни ги дава Јехова ни го збогатуваат животот (Изр. 10:22). Никогаш да не ги потценуваме! Кога покажуваме дека навистина ги цениме даровите со кои Јехова ни укажува чест, тогаш го радуваме нашиот небесен Татко, кој ни го дава „секој добар дар и секој совршен подарок“ (Јак. 1:17).