Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 авг.
„Ме интересира што мислите Вие за следниве зборови: [Прочитај Евреите 3:4.] Дали се сложувате дека вселената ја создал интелигентен Творец? [Почекај да одговори.] Ова списание зборува за тоа дали верувањето во Творец е во согласност со науката.“
Разбудете се! Авг.
Кога ќе зборуваш со млада личност, би можел да кажеш: „Многу твои врсници биле повредени од злобно оговарање. Дали и тебе ти се случило тоа? [Почекај да одговори.] Библијата ни дава убави совети што можат да ни помогнат ако сме биле предмет на оговарање. Исто така, од неа учиме како да не почнеме и ние самите да ги оговараме другите.“ Покажи ја статијата на 12. страница и прочитај еден од стиховите во неа.
Стражарска кула 1 сеп.
„Многумина мислат дека во ‚Стариот завет‘ има корисни историски информации. Но, не се сигурни дали советите што се запишани во него важат и денес. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори, а потоа прочитај Римјаните 15:4.] Ова списание објаснува дека во ‚Стариот завет‘ има практични совети за секојдневниот живот и ни дава вистинска надеж за иднината.“
Разбудете се! Сеп.
„Што мислите, дали природните катастрофи се Божје дело? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 5. Мојсеева 32:4.] Ова списание зборува за тоа зошто Бог дозволува да се случуваат природни катастрофи. Исто така, ни покажува како да си го заштитиме семејството.“