ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/07 стр. 4
  • Следи го примерот на Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Следи го примерот на Исус
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Зошто треба да одиме на состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Поучувај ги кротките да одат по Божјиот пат
    Нашата служба за Царството 2006
  • Дали ги изградуваш другите на христијанските состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Состаноците им користат на младите луѓе
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 9/07 стр. 4

Следи го примерот на Исус

1. Каков пример оставил Исус?

1 Додека ја извршуваме службата на проповедање, треба да имаме на ум дека нашиот пример може силно да влијае врз оние што нѐ гледаат. Исус поучувал со зборови и со дела. Оние што го гледале можеле да забележат дека бил ревносен, дека ги сакал луѓето, дека имал силна желба да го посвети името на својот Татко и дека бил решен да ја изврши волјата на својот Татко (1. Пет. 2:21).

2. Како може нашиот пример да влијае врз оние со кои одиме во служба?

2 Во службата од куќа до куќа: Исто како Исус, и ние можеме да им бидеме пример на оние со кои одиме во служба. Кога новите и помалку искусни објавители ќе видат колку сме ревносни во службата, ќе бидат поттикнати да се преиспитаат дали и тие добро го извршуваат проповедничкото дело. Нашата радост и искрениот интерес за другите ќе ги потсетат на тоа колку е важно да ги покажуваат овие особини во службата. Кога ќе забележат колку совесно ја користиме Библијата, правиме повторни посети и проучуваме со другите, и тие ќе бидат поттикнати да го прават истото.

3. Што можат да научат од нашиот пример оние со кои проучуваме?

3 Кога водиме библиски студии: Особено оние со кои проучуваме ќе гледаат како се однесуваме. На пример, иако ќе им објасниме дека е важно да се подготват за проучување така што ќе ги побараат библиските стихови и ќе ги подвлечат важните мисли, тие ќе забележат дали и ние сме се подготвиле (Рим. 2:21). Ако секогаш доаѓаме точно во договореното време, и тие ќе се трудат ништо да не ги спречи редовно да проучуваат. Исто така, сигурно ќе ја забележат нашата самопожртвуваност во службата и нашата цврста вера. Затоа, оние што проучуваат со објавители кои во сѐ го следат примерот на Исус, обично стануваат ревносни и делотворни проповедници.

4. Што можат другите да научат од примерот што го даваме кога присуствуваме на собраниските состаноци?

4 На собраниските состаноци: Сите членови на христијанското собрание можат да поучуваат со својот пример кога присуствуваат на собраниските состаноци. Интересентите што почнуваат да доаѓаат на состаноците учат од добриот пример што го гледаат во собранието. Тие ќе ја забележат срдечната атмосфера, христијанското единство и скромниот изглед на објавителите (Пс. 133:1). Пример им даваме и со тоа што редовно присуствуваме на состаноците, каде што со нашите коментари даваме јавна изјава за нашата вера. Некој човек што дошол на еден од нашите состаноци забележал како едно девојче многу лесно нашло некој стих во својата Библија и внимателно следело додека се чита. Нејзиниот пример го поттикнал да почне да ја проучува Библијата.

5. Зошто не треба никогаш да го потцениме влијанието на нашиот пример?

5 Библијата нѐ поттикнува да се угледуваме на добриот пример што ни го даваат другите (Фил. 3:17; Евр. 13:7). Затоа, секогаш да имаме на ум дека другите ќе забележат колку го следиме примерот на Исус и дека тоа може да влијае позитивно врз нив. Значи, имаме голема причина да ги послушаме зборовите што се запишани во 1. Тимотеј 4:16: „Добро внимавај како живееш и како поучуваш“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели