ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/08 стр. 4
  • Можеш да бидеш богат!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да бидеш богат!
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • Благословите од пионерската служба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Решени да се збогатиме духовно
    Разбудете се! 2007
  • Дали вратата за пионерење сега е отворена за тебе?
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 5/08 стр. 4

Можеш да бидеш богат!

1. Зошто треба да размислиш дали општата пионерска служба е за тебе?

1 Дали сакаш да имаш порадосен и поисполнет живот? Дали ти причинува задоволство да им помагаш на другите? Имаш ли желба да ја зголемиш службата за Јехова? Ако одговориш со „да“ на некое од овие прашања, тогаш размисли за општата пионерска служба. Се разбира, сите не се во можност да бидат пионери. Треба да се земат предвид семејните и другите библиски одговорности, како и здравствените и физичките ограничувања.

2. Наведи дел од духовното богатство што го добиваат општите пионери.

2 Соломон, под вдахновение, го поврзал благословот од Јехова со материјалното богатство (Изр. 10:22). Денес, Јехова главно нѐ благословува во духовен поглед. Општите пионери добиваат големо духовно богатство. На пример, бидејќи ‚си откупуваат време‘ од личните желби, ја чувствуваат големата радост што доаѓа од давањето (Кол. 4:5; Дела 20:35). Јехова го забележува и го цени нивниот труд што го вложуваат од љубов. Таквото „богатство на небото“ никогаш нема да ја изгуби својата вредност (Мат. 6:20; Евр. 6:10). Освен тоа, бидејќи пионерите задржуваат ‚бистро око‘ и имаат доверба дека Јехова ќе се погрижи за нивните основни потреби, пријателството со него им се зајакнува (Мат. 6:22, 25, 32; Евр. 13:5, 6).

3. Каква разлика постои меѓу желбата да се збогатиме духовно и трчањето по материјално богатство?

3 Трчањето по материјално богатство честопати води до „многу неразумни и штетни желби“ (1. Тим. 6:9, 10; Јак. 5:1-3). Ова никогаш не е случај со духовното богатство од Јехова. Бидејќи поминуваат многу време во проповедање, пионерите можат да задржат духовна рамнотежа и да мислат на поважните работи (Фил. 1:10). За да биде пионер, еден брат ја напуштил својата работа како инженер, која му одземала многу време. Тој вели: „Работата ми беше многу напорна. Но не е така и со пионерската служба. Сега им помагам на луѓето и ги учам за вистината. Тоа е многу поинтересно и повеќе ме исполнува“.

4. Како се благословени општите пионери додека им носат благослов на другите?

4 Благослов за другите: Денес, секој мора да ги трпи овие „особено тешки времиња“ (2. Тим. 3:1). На сите луѓе очајно им треба надеж. Објавителите на Царството се пресреќни кога со свои очи ќе видат дека очајот што им се чита на лицата на луѓето може да премине во оптимизам кога ќе ја прифатат добрата вест. А колку е голема радоста на општите пионери, кои секоја година посветуваат по повеќе од 800 часа во ова животоспасувачко дело! (1. Тим. 4:16).

5, 6. Што може да ти помогне да станеш општ пионер?

5 Дали сериозно си размислил да бидеш општ пионер? Тогаш можеби ќе треба да ‚си откупиш време‘ од работите што не се толку важни (Еф. 5:15, 16). Мнозина го сториле тоа и си го поедноставиле животот, што им овозможило да трошат помалку време на световната работа за да посветат повеќе време на службата за Царството. Би можел ли и ти да ги направиш потребните промени за да им се придружиш?

6 Моли го Јехова да ти даде мудрост да направиш добар распоред (Јак. 1:5). Какви благослови ќе добиеш за тоа? Огромно духовно богатство! А Јехова ќе ти го даде и она што ти треба во материјален поглед (Мат. 6:33). Оние што го испитуваат Јехова на ваков начин, добиваат „благослов додека не биде доста“ (Мал. 3:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели