Писмо од Бетел
Драги објавители на Царството!
Со пророчките зборови од Исаија 54:2, 3, Јехова ја подготвил својата организација за пораст, и охрабрувачки е што ова се случува и во Македонија. На пример, во 2006 год., 45 старешини и 70 слуги-помошници служеа во 16 собранија и 4 групи, а денес 64 старешини и 97 слуги-помошници се грижат за 20 собранија и 6 групи. На овој начин им се дава духовна помош на 216-те објавители што започнаа да проповедаат во 2006 и 2007 год., и тоа е добар темел за порастот што се очекува во иднина.
Се одржаа три курса по албански и еден курс по ромски јазик. Се основа и првата група на албански јазик во Скопје, која веќе има добри резултати бидејќи на состаноците доаѓаат заинтересирани лица. Повеќе од 300 објавители од други земји ја поддржаа проповедничката акција со која се постигнаа извонредни резултати. Оваа година дојдоа и објавители што зборуваат турски. Тие проповедаа во Источна Македонија и имаа убави искуства. На пример, една сестра сретнала некоја жена што го молела Бог да ѝ испрати некого за да ја поучува за Светото писмо.
Ваквите искуства нѐ поттикнуваат уште повеќе да проповедаме. Среќни сме што 38 објавители започнаа со пионерската служба, па сега во нашата земја служат 145 општи пионери. Добро е сите да се молиме и да размислуваме дали би можеле да започнеме со пионерска служба, бидејќи сега е време да се проповеда „без престан“! (Дела 5:42).
Вашите браќа,
Бетел, Македонија