ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 22
  • Што се прави во една подружница?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се прави во една подружница?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Драги објавители на Царството!
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како е организирано Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како може да ја зголемиш својата служба?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 22

ПОГЛАВЈЕ 22

Што се прави во една подружница?

Група луѓе ги организира активностите под надлежност на подружницата на Соломоновите Острови

Соломонови Острови

Јеховин сведок работи во Бетелот во Канада

Канада

Камиони за транспорт на литература

ЈАР

Членовите на бетелското семејство служат во различни одделенија и со својата служба го поддржуваат проповедничкото дело во една или повеќе земји. Некои служат во преведувачки тимови, печатат списанија, подврзуваат книги, складираат литература, снимаат аудио и видео материјали или се грижат за други работи поврзани со подрачјето за кое е одговорна подружницата.

Активностите ги надгледува Одбор на подружницата. Секоја подружница ја надгледува Одбор на подружницата составен од тројца или повеќе искусни старешини кои се поставени од Водечкото тело. Одборот редовно го известува Водечкото тело како напредува делото во секоја земја што е под надлежност на тој одбор и за проблемите што можеби ќе се појават. Таквите извештаи му помагаат на Водечкото тело да одлучи кои теми да бидат разгледани во некои идни публикации и на состаноците и на собирите. Претставници на Водечкото тело редовно ги посетуваат подружниците и им даваат упатства на Одборите како да ги извршуваат своите задачи (Изреки 11:14). За време на посетата претставникот на главното седиште одржува охрабрувачки говор за оние што живеат на подрачјето што го надгледува подружницата.

Им помага на локалните собранија. Одговорни браќа од подружницата даваат одобрување за основање на нови собранија. Исто така, им даваат упатства на пионерите, мисионерите и покраинските надгледници кои служат на подрачјето на подружницата. Тие ги организираат собирите и конгресите, ја надгледуваат изградбата на нови сали и се грижат литературата да се испорача до собранијата. Сѐ што се прави во подружницата придонесува проповедањето да се одвива организирано (1. Коринќаните 14:33, 40).

  • Како Одборите на подружниците му помагаат на Водечкото тело?

  • За кои работи се грижи подружницата?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Од понеделник до петок во подружниците има организирани обиколки за посетителите. Поканет си и ти. Кога ќе одиш на обиколка, облечи се како за на состанок. Она што ќе го видиш во Бетел ќе ја зајакне твојата вера.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели