Рубрика прашања
◼ Кој е најдобриот начин да се даваат парични прилози за да им се помогне на браќата од други земји кои имаат потреба?
Одвреме-навреме дознаваме за браќа од други земји кои се нашле во материјална оскудица поради прогонство, катастрофи или други тешки околности. Некои браќа беа поттикнати да испратат средства директно во Бетелските канцеларии во тие земји, со барање тие пари да бидат употребени за да му се помогне на одредено лице, на некое конкретно собрание или да се помогне во конкретен градежен проект (2. Кор. 8:1-4).
Иако таквата љубезна грижа кон нашите соверници е за пофалба, честопати има потреби што се поитни од оние коишто донаторот ги има на ум. Во некои случаи потребата на која мислел донаторот веќе е згрижена. Се разбира, можеме да бидеме уверени дека прилозите што се испратени до локалната Бетелска канцеларија за делото низ целиот свет, за Фондот за Сали на Царството или за помош при катастрофи, ќе бидат употребени според упатствата на донаторот.
Браќата во сите подружници се добро обучени брзо да реагираат на непредвидените потреби. Во сите случаи, подружницата го известува Водечкото тело во врска со тие работи. Ако е потребна дополнителна помош, Водечкото тело може да ги повика соседните подружници да помогнат или, пак, може да испрати средства директно од главното седиште (2. Кор. 8:14, 15).
Затоа, сите прилози наменети за делото низ целиот свет, за градежните проекти во други земји или за помош при катастрофи, треба да се испраќаат до Бетелската канцеларија во земјата каде што живеете, било преку собранието или директно. На овој начин, „верниот и разборит роб“, преку организациските подготовки воспоставени од Водечкото тело, се грижи за потребите на братството низ целиот свет на еден уреден начин (Мат. 24:45-47; 1. Кор. 14:33, 40).