Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2009 година
1. а) Какви благослови ќе имаме ако бидеме присутни сите три дена на обласниот конгрес? б) Што треба да планираме уште сега?
1 Сите со нетрпение го очекуваме обласниот конгрес за 2009 год. кој ќе ни овозможи повторно да бидеме заедно со другите фалители на Јехова кои „настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Мат. 5:3). Бидејќи Јеховиниот ден е сѐ поблизу, ве поттикнуваме да бидете присутни сите три дена за да можете да имате потполна корист од дружењето со соверниците, како и од духовното охрабрување што ќе ни помогне да останеме цврсти во верата (Соф. 1:14). Јасно кажете им на наставниците и на работодавците дека конгресот е важен дел од вашата религија. Ако решително ги испланирате работите доволно рано и ако го молите Јехова за благослов, тој сигурно ќе ви помогне (Иса. 50:10).
2. Дури и ако не одиме на меѓународен конгрес, каква меѓународна атмосфера може да очекуваме и на другите конгреси?
2 Меѓународни конгреси: Бидејќи овие конгреси ќе се одржат само во неколку земји и градови, на нив треба да одат само оние што се одобрени како делегати. Ако го послушаме ова упатство, нема да има преголема гужва во конгресниот објект (1. Кор. 14:40; Евр. 13:17). Сепак, на голем број обласни конгреси ќе има меѓународна атмосфера бидејќи многу мисионери, бетелци што служат во странство, како и меѓународни слуги ќе присуствуваат на конгресот во својата земја.
3. Како можеме да покажеме христијанска љубов кон некои од нашето собрание?
3 Помогни им на другите да дојдат: Дали на некои од твоето собрание им треба помош за да стигнат на конгресот? Кога им помагаш во тоа, ти покажуваш дека ‚не се грижиш само за себе туку и за другите‘ (Фил. 2:4).
4. Како може навреме да се погрижиме за сместувањето? (Вклучи ја и рамката на стр. 6.)
4 Сместување: Пофално е тоа што во минатото голем број објавители покажаа самопожртвуван дух прифаќајќи ги упатствата околу нивното сместување. На пример, сѐ поголем број браќа беа спремни да патуваат секој ден за да ноќеваат дома. Во блиска иднина ќе има подетални информации во врска со сместувањето за оваа година. Тоа ќе ни овозможи, исто како што било во времето на Мојсеј, сите ние да се собереме заедно како Божји народ — и мажите и жените и децата (5. Мој. 31:12).
5. Кои библиски начела можат да ни помогнат да собереме средства за патувањето до обласниот конгрес?
5 Во земјите каде што има економски проблеми, навистина не е лесно да се присуствува на конгрес далеку од својот дом. Особено за семејствата со мали приходи може да изгледа речиси невозможно сите да присуствуваат на еден таков настан. Што можат да направат за да се справат со тој проблем? Кои библиски начела можат да ги применат? Најнапред, седнете заедно како семејство и пресметајте ги трошоците за патувањето до и од конгресното место, како и трошоците за сместување и храна за тие денови (Лука 14:28). Се разбира, сигурно ќе сакаме да дадеме и доброволен прилог за конгресот затоа што ја цениме ‚можноста да приложиме дар‘ (2. Кор. 8:1-4). Ако го следиме советот од 1. Коринќаните 16:2 — да ставаме нешто настрана „секој прв ден од седмицата“ — ќе можеме да почнеме уште сега да штедиме за патувањето до конгресот. Така ќе можеме да ги покриеме трошоците за да присуствуваме како семејство на обласниот конгрес во 2009 год. Заради охрабрувањето и духовните благослови кои Јехова ги подготвува за нас на овој голем собир, вреди да направиме сѐ што можеме за да бидеме таму.
6. Каква е постапката кога објавител што има посебни потреби ќе побара помош во врска со сместувањето?
6 Посебни потреби: Ако некој објавител побара помош во врска со сместувањето, Одборот на собранието треба да одреди дали тој ги исполнува условите да поднесе Барање за приватно сместување. Пред да му се достави овој формулар на конгресниот Оддел за сместување, треба да се разгледаат упатствата што се наоѓаат на формуларот, како и во писмото до сите старешинства од 14 декември 2008 год.
7. Што треба да ни биде најважно додека се подготвуваме и присуствуваме на обласниот конгрес за 2009 год?
7 Дела што му носат слава на Бог: Кога ги покажуваме плодовите на духот во сѐ што правиме, особено во поглед на нашиот говор и во постапките со нашите домаќини, со персоналот од студентскиот дом и со другите во конгресниот град, тогаш не ги спрепнуваме другите и придонесуваме за доброто име на Јеховиниот народ (1. Кор. 10:31; 2. Кор. 6:3, 4). И ти можеш да го прославиш Бог со своите постапки и со своето присуство на обласниот конгрес за 2009 год.! (1. Пет. 2:12).
[Рамка на страница 5]
Програмски термини
четврток (само за меѓународните конгреси)
13.20 - 16.55
петок и сабота
9.20 - 16.55
недела
9.20 - 16.00
[Рамка на страница 6]
Каде би можел да се сместиш:
◼ Ако е можно, врати се дома за ноќевање.
◼ Ако имаш роднини или пријатели во конгресниот град, прашај ги дали можеш да ноќеваш кај нив.
◼ Искористи ја можноста да ноќеваш во интернат или во студентски дом.
◼ Ако имаш посебни потреби, побарај приватно сместување.