ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/09 стр. 1
  • Како ќе чујат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ќе чујат?
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Нема престанување во објавувањето на добрата вест
    Нашата служба за Царството 1996
  • Зошто повторно одиме на истите врати
    Нашата служба за Царството 2007
  • Проповедај без престан
    Нашата служба за Царството 2008
  • ‚Внимавај на службата што си ја примил во Господарот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 1/09 стр. 1

Како ќе чујат?

1. Зошто проповедањето не е секогаш лесно, но зошто сепак истрајуваме?

1 Јеховиниот ден е сѐ поблизу. Затоа, треба итно да им помогнеме на уште многу луѓе добро да го запознаат Бог и неговата намера со човештвото (Јован 17:3; 2. Пет. 3:9, 10). Но ова понекогаш не е лесно, бидејќи повеќето луѓе се рамнодушни или, пак, ни се потсмеваат кога проповедаме (2. Пет. 3:3, 4). Сепак, имаме добри причини да веруваме дека на нашето подрачје сѐ уште има некои што ќе ја прифатат добрата вест кога ќе ја чујат. Но, како ќе ја чујат ако никој не им проповеда? (Рим. 10:14, 15).

2. Како нѐ охрабрува примерот на апостол Павле?

2 Ако доживееме противење: Бидејќи сѐ уште има луѓе кои би сакале да ја чујат пораката за Царството, не смееме да дозволиме стравот да нѐ спречи да проповедаме. Филипи бил првиот град во Европа во кој апостол Павле ја проповедал добрата вест. Кога против него и Сила биле покренати лажни обвиненија, двајцата биле претепани со стапови и биле фрлени в затвор (Дела 16:16-24). Но, Павле не се уплашил од ова болно искуство до тој степен што престанал да проповеда. Напротив, кога дошол во Солун, следниот град на неговото мисионерско патување, тој ‚собрал смелост со помош на Бог‘ (1. Сол. 2:2). Зарем примерот на Павле не ни покажува зошто „да не се откажеме“ од службата? (Гал. 6:9).

3. Зошто некои го смениле својот став иако порано не се интересирале за вистината?

3 Многумина што со години не сакале да ја слушаат пораката, го смениле својот став. Таквата промена може да ја предизвика некоја економска криза, болест, смрт на некој од семејството или, пак, вестите за лошите работи што се случуваат во светот (1. Кор. 7:31). Некои, чии родители порано се противеле на вистината, сега како возрасни сакаат да ја слушаат добрата вест. Тоа што продолжуваме да проповедаме им дава можност на таквите лица да ‚го повикаат името на Јехова‘ пред да биде предоцна (Рим. 10:13).

4. Што нѐ поттикнува „без престан“ да проповедаме?

4 „Без престан“: Љубовта кон Бог и кон луѓето ќе нѐ поттикне да продолжиме „без престан“ да проповедаме и да ги поучуваме луѓето, исто како што правеле апостолите во првиот век (Дела 5:42). Многумина денес „тажат и плачат поради сите гадости“ што се прават во светот (Езек. 9:4). Кога ќе ја чујат добрата вест, таквите луѓе добиваат навистина голема надеж и утеха! Дури и ако повеќето не сакаат да слушаат, Библијата нѐ уверува дека Јехова многу се радува на трудот што го вложуваме во службата (Евр. 13:15, 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели