ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/09 стр. 1
  • Поучувај едноставно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучувај едноставно
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Три предлози како да бидеш подобар учител
    Нашата служба за Царството 2012
  • Имитирај го Големиот Учител
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Разбирливо за другите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • „Никој никогаш не зборувал така“
    „Појди по мене!“
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 5/09 стр. 1

Поучувај едноставно

1. Што е важно за да поучуваме јасно и делотворно?

1 За да поучуваме делотворно, многу е важно да бидеме едноставни. Да разгледаме како поучувал Големиот Учител, Исус. Тоа ќе ни помогне да станеме ‚повешти во поучувањето‘ (2. Тим. 4:2; Јован 13:13).

2. Како можеме да поучуваме едноставно, и каков ефект има таквото поучување?

2 Зборувај едноставно: Во Проповедта на гората се наоѓаат некои од најдлабоките вистини што ги кажал човек, а сепак се кажани толку едноставно (Мат., погл. 5-7). Мноштвата што го слушале Исус биле „восхитени од неговото поучување“. Исус им оставил толку силен впечаток на стражарите кои биле испратени да го уапсат, што рекле: „Никој никогаш не зборувал така“ (Мат. 7:28, 29; Јован 7:46). За да им помогнеме на другите да ја сфатат вистината, не мора да користиме комплицирани зборови, фрази или споредби. Вистината можеме добро да ја објасниме и со секојдневни зборови.

3. Зошто некои се склони да кажуваат премногу информации, и како може да се избегне тоа?

3 Процени колку ќе кажеш: Кога поучувал, Исус ги земал предвид оние што го слушале и им кажувал онолку информации колку што мислел дека ќе разберат во таа прилика (Јован 16:12). И ние мораме да бидеме проникливи и флексибилни во овој поглед, особено кога им сведочиме на роднини, на новозаинтересирани или на деца. Треба да внимаваме да не ги преплавиме со информации, дури и кога заинтересирано нѐ слушаат. Оние што се искрено заинтересирани ќе продолжат да учат за вистинскиот Бог, Јехова (Јован 17:3; 1. Кор. 3:6).

4. Зошто е корисно да се задржиме на главните мисли, а не да објаснуваме нашироко?

4 Задржи се на главните мисли: Исус не ги комплицирал работите со непотребни информации. Кога рекол: „Сите оние што се во гробовите... ќе излезат“, не било момент нашироко да објаснува во врска со двете групи луѓе што ќе воскреснат (Јован 5:28, 29). Кога водиме библиски студии, треба да се задржиме на главните мисли и да не внесуваме непотребни информации што не се спомнати во публикацијата што ја проучуваме.

5. Каков благослов ќе добиеме ако поучуваме едноставно?

5 Навистина сме многу благодарни што Јехова нѐ поучува едноставно за сѐ што треба да знаеме! (Мат. 11:25). Да се трудиме и ние да поучуваме едноставно, и така ќе ја почувствуваме радоста што ја носи делотворната служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели