ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/09 стр. 1
  • Кога да правиме повторни посети?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога да правиме повторни посети?
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Дојди повторно за да изградиш ценење
    Нашата служба за Царството 1994
  • Собери храброст да правиш повторни посети
    Нашата служба за Царството 1997
  • Повторните посети водат до библиски студии
    Нашата служба за Царството 2003
  • Стани повешт во службата — Постави темел за повторна посета
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 11/09 стр. 1

Кога да правиме повторни посети?

1. Што е вклучено во правењето ученици?

1 Правењето ученици вклучува повторно да ги посетуваме оние што покажуваат дека сакаат да учат за Јеховиното Царство (Мат. 28:19, 20). Најдобро време за повторна посета е она што ни одговара и нам и на заинтересираното лице. Зошто треба да направиме повторна посета набрзо по првиот разговор?

2, 3. Зошто треба да ги посетиме заинтересираните колку што е можно побрзо?

2 Зошто треба набрзо да ги посетиме? Проповедањето на „добрата вест за царството“ е при крај, а близу е и крајот на овој свет (Мат. 24:14; 1. Пет. 4:7). Затоа, додека за заинтересираните лица сѐ уште трае „денот на спасението“, мораме да бидеме послушни на советот да ја ‚проповедаме Божјата реч со чувство на итност‘. Тоа подразбира да ги посетуваме колку што е можно побрзо за да го негуваме интересот што го покажале (2. Кор. 6:1, 2; 2. Тим. 4:2).

3 Сатана едвај чека да го уништи секое семе на Царството што ќе го посееме во срцата на заинтересираните (Мар. 4:14, 15). Членовите на семејството, колегите и други честопати ги исмеваат оние што се интересираат за вистината. Затоа, ако ги посетиме набрзо по првата средба, ќе можеме да го продолжиме разговорот пред другите да го задушат нивниот интерес.

4. Како можеме уште при првата средба да поставиме темел за повторна посета?

4 Договори се кога да ги посетиш: Најдобро е уште при првата средба да договориш конкретно време кога да дојдеш повторно. Постави прашање што ќе го одговориш на следната посета. Многу е важно да си го запишеш сето тоа. Ако ти дозволува распоредот, би можел да предложиш да дојдеш следниот ден или кратко потоа. Ако првата средба била за време на викендот, а заинтересираниот работи во текот на седмицата, можеби ќе се согласи да го посетиш следниот викенд. Кога ќе договорите конкретно време, дај сѐ од себе за да си го одржиш зборот (Мат. 5:37).

5. Зошто е корисно да не одложуваме со повторните посети за успешно да ја извршиме задачата од Исус да правиме ученици?

5 Имаме добри причини да ги посетиме заинтересираните колку што е можно побрзо. Затоа, договори конкретен термин и посети ги набрзо, бидејќи „преостана малку време“ (1. Кор. 7:29). Колку побрзо ќе ги посетиме оние што се интересираат за добрата вест, толку подобри резултати ќе имаме во службата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели