ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/11 стр. 1
  • ‚Нека се свети Божјето име‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Нека се свети Божјето име‘
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Јехова го возвишува своето име
    Божјето Царство владее!
  • Нова програма за покраинскиот состанок
    Нашата служба за Царството 1995
  • Да го објавуваме божественото име
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 8/11 стр. 1

‚Нека се свети Божјето име‘

1. Која е темата на покраинскиот собир за 2012 службена година, и на што се темели?

1 Имаме огромна чест да го носиме името на Севишниот Владетел, Јехова! Лично Бог ни дал да го носиме неговото име, а особено од 1931 год. наваму, како Јеховини сведоци, нашата врска со Јеховиното име е уште поочигледна (Иса. 43:10). Божјиот единороден Син, Исус, многу го ценел Божјето име, како што се гледа од тоа што го ставил на прво место во својата пример-молитва (Мат. 6:9). Зборовите на Исус се темел за темата на програмата на покраинскиот собир за 2012 службена година. Таа гласи: „Нека се свети Божјето име“.

2. Кои информации можеме да ги очекуваме на собирот?

2 Што ќе чуеме на собирот: Во сабота, во говорот „Објавувајте го Божјето име како полновремени слуги“ ќе чуеме зошто полновремената служба е начин на живот што исполнува. Исто така, ќе го чуеме циклусот предавања „Внимавај да не го оскверниш името на Јехова“, кој ќе ни помогне да не паднеме во четири можни стапици. Во говорот „Зошто мора да се посвети Божјето име“, ќе бидат одговорени прашањата: Што ќе ни помогне ревносно да проповедаме кога изгледа дека луѓето не се многу заинтересирани? и Што ќе ни помогне да бидеме ефикасни во службата? Во недела ќе има циклус од четири дела за тоа како можеме да го посветиме Божјето име со нашите мисли, говор, одлуки и однесување. Новите особено ќе уживаат во јавното предавање со наслов „Јехова ќе го посвети своето големо име во Армагедон“.

3. Каква чест имаме, и како ќе ни помогне оваа програма?

3 Во многу скоро време Јехова ќе го посвети своето име (Езек. 36:23). Дотогаш, имаме извонредна чест да го застапуваме и да го браниме сето она што го претставува Јеховиното свето име. Уверени сме дека програмата на овој покраински собир ќе ни помогне на сите нас да ја исполниме сериозната одговорност што ја имаме со тоа што го носиме Божјето име.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели