Не дозволувај да те спречи чувството дека не си доволно добар
1. Зошто некои избегнуваат да понудат библиска студија?
1 Дали избегнуваш да понудиш библиска студија затоа што не си сигурен дека си способен да водиш студија? Понекогаш и верните слуги во минатото, како што се Мојсеј и Еремија, мислеле дека не се способни да ги извршат задачите што им биле дадени (2. Мој. 3:10, 11; 4:10; Ерем. 1:4-6). Значи, ваквите чувства се нешто сосема вообичаено. Но, како може да ги победиме?
2. Зошто не треба да бидеме задоволни само со тоа да проповедаме од куќа до куќа и да им оставиме на другите да водат библиски студии?
2 Не смееме да заборавиме дека Јехова никогаш не бара од нас нешто што не можеме да направиме (Пс. 103:14). Според тоа, налогот ‚да правиме ученици, учејќи ги‘ е нешто кое можеме да го исполниме (Мат. 28:19, 20). Јехова не им ја дал таа задача само на најискусните и најталентираните (1. Кор. 1:26, 27). Затоа, не треба да бидеме задоволни само со тоа да проповедаме од куќа до куќа и да им оставиме на другите да водат библиски студии.
3. На кој начин Јехова нѐ обучува да водиме библиски студии?
3 Јехова нѐ обучува: Јехова е тој што нѐ оспособува да правиме ученици (2. Кор. 3:5). Преку својата организација тој нѐ поучува за библиски вистини кои дури и најобразованите луѓе во овој свет не ги знаат (1. Кор. 2:7, 8). Тој се погрижил да бидат запишани методите на кои поучувал Големиот Учител, Исус, за да можеме и ние да ги применуваме, а и постојано нѐ обучува преку собранието. Освен тоа, Јехова не нѐ оставил сами да се снаоѓаме што ќе користиме кога ги поучуваме другите за Библијата. Ни дал соодветен материјал, како што е книгата Што учи Библијата?, во која вистината е изнесена на логичен и едноставен начин. Да водиме библиска студија може да биде полесно отколку што ни се чини.
4. Зошто можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ни помага?
4 Мојсеј и Еремија можеле да ги извршат своите задачи со помош од Јехова (2. Мој. 4:11, 12; Ерем. 1:7, 8). И ние можеме да го молиме Јехова да ни помага. Впрочем, кога водиме библиски студии, ги поучуваме другите за вистината за Јехова, а тоа е прифатливо во негови очи (1. Јов. 3:22). Затоа, постави си цел да водиш библиска студија, најубавата и најрадосната гранка од нашата служба.