Проверуваш ли редовно што има на огласната табла?
Старешините, слугите-помошници и другите кои имаат собраниски одговорности редовно ја проверуваат огласната табла за да видат кога имаат задача. Меѓутоа, на таблата ќе најдат важни информации сите од собранието. Знаеш ли кога твојата група е на ред да ја чисти Салата на Царството? Дали има важно писмо до собранието од покраинскиот надгледник или од подружницата? Го знаеш ли насловот на јавното предавање оваа седмица за да можеш да ги поканиш да го слушаат оние со кои проучуваш? Дали има некои промени во распоредот за состаноците или во составот на твојата група? Голем број од овие информации повеќе не се известуваат на состаноците и можеби старешините нема да стигнат да му ги пренесат на секој објавител поединечно. Затоа, треба редовно да проверуваме што има на огласната табла. Кога сме информирани, сѐ може да се одвива „пристојно и така како што е редот“ (1. Кор. 14:40).