ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/13 стр. 1
  • Спремен ли си за промени?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спремен ли си за промени?
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • ‚Сѐ правете поради добрата вест‘
    Нашата служба за Царството 2009
  • Можеш ли да го приспособиш твојот распоред?
    Нашата служба за Царството 2006
  • Покажи искрен интерес — со тоа што ќе се подготвуваш
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како да го подобриме нашето проповедање за Царството
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 6/13 стр. 1

Спремен ли си за промени?

1. Какви промени кај нас налагаат промените во светот?

1 Во 1. Коринќаните 7:31, светот е спореден со театарска бина на која постојано се менуваат сцените и актерите. Промените во светот налагаат и ние одвреме-навреме да правиме промени во методите на проповедање, во распоредот и во пристапот. Спремен ли си за промени?

2. Зошто мораме да бидеме спремни за промени ако сакаме да држиме чекор со организацијата?

2 Методи на проповедање: Христијанското собрание отсекогаш било спремно за промени. Кога Исус првпат ги испратил своите ученици да проповедаат, им рекол да не носат ниту патна торба ниту пари (Мат. 10:9, 10). Но, подоцна ги сменил тие упатства затоа што учениците во иднина требало да се соочат со омраза, а и проповедањето требало да се рашири на многу поголемо подрачје (Лука 22:36). Во минатиот век, Јеховината организација користеше разни методи на проповедање, според потребите во тоа време — на пример, картички за сведочење, радиоемисии и автомобили со озвучување. Денес, бидејќи во многу места луѓето ретко ги наоѓаме дома, сѐ повеќе се нагласува дека, покрај проповедањето од куќа до куќа, би можеле да сведочиме на јавни места и неформално. Исто така, поттикнати сме да проповедаме од куќа до куќа во вечерните часови ако во текот на денот луѓето се на работа. Кога Јеховината небесна кочија го менува правецот, држиме ли чекор со неа? (Езек. 1:20, 21).

3. Како тоа што ќе бидеме спремни за промени ќе ни помогне да бидеме поделотворни на подрачјето?

3 Презентација: Што ги загрижува моментално луѓето на твоето подрачје? Економијата? Семејството? Криминалот? Добро е да бидеме свесни за тековните проблеми и за околностите што се вообичаени на нашето подрачје за да можеме да подготвиме соодветна презентација (1. Кор. 9:20-23). Кога луѓето ќе си кажат што ги мачи, наместо само да им кажеме збор-два и потоа веднаш да си продолжиме со презентацијата што сме си ја спремиле, би било многу подобро да се прилагодиме и да зборуваме за тоа што нив ги интересира.

4. Зошто треба да сме спремни за промени?

4 Многу скоро ќе заврши последната „сцена“ од овој свет и ќе почне големата неволја. „Преостана малку време“ (1. Кор. 7:29). Затоа, многу е важно да бидеме спремни за промени, и тоа без одложување, за да направиме најмногу што можеме во времето што преостанува!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели