Зборувај за една тема, но остави ги двете списанија
Во Стражарска кула и Разбудете се! за секој месец има најразлични интересни теми. Наместо на секоја врата да зборуваме за неколку статии, подобро би било да обрнеме внимание само на една статија. Ако сме проникливи и ако добро сме запознаени со содржината на секое списание, ќе избереме некоја тема било од Стражарска кула или Разбудете се! која ќе биде интересна за станарот. На пример, ако видиме дека во домот или во дворот има детски играчки, може да зборуваме за статија за семејството. Ако на врата излезе маж, може да зборуваме за тема која повеќето мажи ги интересира, на пример добра влада. Иако можеби ќе зборуваме само за една статија, најчесто треба да ги оставиме и двете списанија ако станарот е заинтересиран.