ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/13 стр. 1
  • Божјата Реч е корисна за поучување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч е корисна за поучување
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Нова програма за Денот на посебен состанок
    Нашата служба за Царството 1996
  • Радувај се на користите од божествената поука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Чувај си ги мислите
    Нашата служба за Царството 2012
  • ‚Нека биде Божјата волја‘
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 8/13 стр. 1

Божјата Реч е корисна за поучување

1. Која е темата на покраинскиот собир за 2014 службена година, и кое прашање ќе биде одговорено во текот на програмата?

1 Нашиот „Најголем Учител“, Јехова, е најдобриот учител во целата вселена (Иса. 30:20, 21). Но, како Јехова нѐ поучува? Ни дал книга што ги надминува сите други — својата вдахновена Реч, Библијата. Како можат учењата од Бог да ни помогнат во физички, ментален, емоционален и духовен поглед? Одговорот на ова прашање ќе биде разработен во текот на програмата на покраинскиот собир за 2014 службена година. Темата на програмата е „Божјата Реч е корисна за поучување“ и се темели на 2. Тимотеј 3:16.

2. Со помош на кои прашања ќе ги дознаеме главните мисли?

2 Внимавај на овие главни мисли: Главните мисли од програмата ќе ги дознаеме преку следниве прашања:

• Како учењата од Бог влијаат врз нашиот живот? (Иса. 48:17, 18).

• Во што можеме да бидеме сигурни ако одлучиме да смениме нешто во нашите околности за да можеме полновремено да му служиме на Јехова? (Мал. 3:10).

• Како треба да реагираме кога ќе чуеме „туѓи учења“? (Евр. 13:9).

• Како можеме да го следиме примерот на Исус во поглед на поучувањето? (Мат. 7:28, 29).

• Зошто оние што поучуваат во собранието треба да се поучуваат и себеси? (Рим. 2:21).

• За што е корисна Божјата Реч? (2. Тим. 3:16).

• Како се одразува врз луѓето тресењето на народите? (Агеј 2:6, 7).

• Каква доверба има Јехова во нас? (Еф. 5:1).

• Зошто мораме многу да се трудиме да живееме според Јеховините учења? (Лука 13:24).

3. Зошто е важно да присуствуваме и внимателно да ја следиме програмата на покраинскиот собир?

3 Пред да ги каже зборовите од кои е земена темата за програмата на собирот, во 3. поглавје од 2. Тимотеј Павле ги опишал тешките времиња низ кои ќе минува светот во последните денови. Тој напишал: „Злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени“ (2. Тим. 3:13). За да не бидеме заведени, многу е важно да ги слушаме и да ги применуваме учењата од Бог! Затоа, да бидеме решени да присуствуваме и внимателно да ја следиме оваа програма што е подготвена за нас во право време.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели