ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/11 стр. 3
  • ‚Нека биде Божјата волја‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Нека биде Божјата волја‘
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Чувај си ја совеста
    Нашата служба за Царството 2012
  • „Храна во вистинско време“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Божјата Реч е корисна за поучување
    Нашата служба за Царството 2013
  • Слушај и учи
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 8/11 стр. 3

‚Нека биде Божјата волја‘

1. Која е темата на посебниот собир за 2012 службена година, и зошто е соодветна?

1 Ние сме создадени затоа што тоа било Јеховина волја (Отк. 4:11). Според тоа, би било невозможно да ја исполниме целта на нашето постоење ако не ја запознаеме и ако не ја вршиме Божјата волја. Ова не е лесно како што можеби се чини, бидејќи треба да се бориме со нашата вродена склоност да постапуваме според „желбите на телото и на умот“ или ‚да ја вршиме волјата на луѓето од светот‘ (Еф. 2:3; 1. Пет. 4:3; 2. Пет. 2:10). Без помош од Бог, би ризикувале и Ѓаволот ‚да нѐ фати живи за да ја вршиме неговата волја‘ (2. Тим. 2:26). Програмата на посебниот собир за 2012 службена година ќе ни помогне да постапуваме во склад со третото главно барање за кое Исус нѐ поучил да се молиме, имено, „да биде волјата твоја“ (Мат. 6:9, 10).

2. Кои прашања ќе бидат одговорени за време на програмата?

2 Кои прашања ќе бидат одговорени: Додека ја слушаш програмата, обиди се да ги најдеш одговорите на следниве прашања: Што друго мора да правиме освен да ја слушаме Божјата Реч? Како можеме да разбереме што е Божјата волја за нас? Зошто треба да бидеме спремни да им помагаме на најразлични луѓе? Како можеме да водиме исполнет, среќен живот? Млади, што треба да му докажете на Јехова? Кои благослови нѐ очекуваат ако ја вршиме Божјата волја? Зошто е многу важно да ги изградуваме и да ги храбриме другите?

3. Како можеме да извлечеме целосна корист од програмата на овој собир?

3 Потруди се да бидеш присутен и внимателно да ја слушаш програмата. Еден од говорите ќе одржи и некој претставник од подружницата. Пред и по програмата, слободно поразговарај со него и со неговата сопруга, ако е женет. Кога ќе се вратиш дома, немој да бидеш „заборавлив слушател“, туку заедно со семејството повторете ја програмата и разговарајте за тоа како би можеле уште повеќе да постапувате во склад со Божјата волја (Јак. 1:25).

4. Зошто треба да ни биде најважно да ја вршиме Божјата волја?

4 Во многу скоро време, оние што им се препуштаат на своите желби и одбиваат да се подложат на Јеховината волја ќе бидат уништени (1. Јов. 2:17). Затоа, благодарни сме што Јехова ги подготвил овие навремени информации кои ни помагаат најважно да ни биде да ја вршиме Божјата волја!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели