Слушај и учи
1. Зошто можеби ќе треба да вложиме дополнителен труд за да слушаме и да учиме на обласниот конгрес?
1 Наскоро ќе почнат обласните конгреси за 2013 год. Беше вложен многу голем труд за да се подготви програма во која ќе бидат опфатени различните потреби на луѓето низ целиот свет. Имаш ли веќе направено планови за да присуствуваш сите три дена од конгресот? На големите конгреси може да има многу работи што го одвлекуваат вниманието. Затоа, можеби ќе треба да вложиме дополнителен труд за внимателно да ја слушаме програмата. Бидејќи конгресните сесии траат подолго од собраниските состаноци, ќе ни треба поголема концентрација. Освен тоа, поради патувањето и други фактори може да бидеме уморни. Што ќе ни помогне да останеме сконцентрирани за да можеме да слушаме и да учиме? (5. Мој. 31:12).
2. Како можеме да си го подготвиме срцето за конгресот?
2 Пред да почне конгресот: На нашата интернет-страница, www.jw.org/mk, е ставена програмата за конгресот, вклучувајќи ги и насловите на сите говори и еден или два клучни стихови за секој од нив. Доколку имаме пристап на Интернет, може да си го подготвиме срцето за она што ќе биде изнесено така што однапред ќе ја разгледаме програмата (Езра 7:10). Би можеле да ја разгледаме на Семејната вечер за да можат сите во семејството со радост да го очекуваат конгресот.
3. Што ќе ни помогне да слушаме внимателно?
3 За време на програмата: Ако е возможно, оди во тоалет пред да почне програмата. Исклучи го мобилниот за да не ти го одвлекуваат вниманието повици и пораки и за да не бидеш во искушение да праќаш пораки за време на програмата. Ако телефонот мора да ти биде вклучен, подеси го така што нема да им пречи на другите во случај некој да ти ѕвони. Ако за време на програмата користиш електронски таблет, внимавај да не им го одвлекуваш вниманието на другите. Избегнувај да јадеш или да пиеш за време на програмата (Проп. 3:1). Гледај во говорникот. Кога се чита стих, следи во својата Библија. Води кратки белешки.
4. Како можат родителите да им помогнат на децата да слушаат и да учат?
4 Сакаме и нашите деца да слушаат и да учат. Во Изреки 29:15 се вели: „Дете распуштено ја срамоти мајка си“. Затоа, добро е целото семејство да седи заедно за да можат родителите да им помогнат на децата да ја следат програмата наместо да си зборуваат, да испраќаат пораки или да се шетаат. Дури и ако се премногу мали за да разберат сѐ што се кажува, децата може да научат да не спијат и мирно да седат.
5. Зошто е корисно да си ја повториме програмата и како можеме да го правиме тоа?
5 По програмата: Не останувај до доцна навечер. Легни си доволно рано за да се одмориш. Кога го повторуваш она што си го чул, подолго го памтиш. Затоа, би било корисно заедно како семејство да одвојувате по неколку минути секоја вечер за да разговарате за програмата. Ако одиш во ресторан со некои пријатели, би можел да ги земеш со себе белешките и да споделиш со нив некои мисли кои посебно ти се допаднале. Кога ќе се вратите дома откако ќе заврши конгресот, би било добро за време на Семејната вечер да разговарате како можете да го примените тоа што сте го чуле. Доколку добиеме нови изданија на конгресот, би можеле да одвоите време секоја седмица за да разгледате по нешто од нив.
6. Дали е доволно само да бидеме присутни на конгресот? Објасни.
6 Една гозба нема никаква смисла ако храната остане неизедена. Истото може да се каже и за духовната гозба која ќе биде приредена на обласниот конгрес. Да извлечеме потполна корист така што ќе бидеме присутни на целата програма, внимателно ќе слушаме и ќе го примениме она што ќе го научиме.