Искуства
◼ Австралија: Џон, кој има високо образование, како дете одел в црква, но подоцна станал „тежок атеист“. Еден пионер му ја оставил брошурата Дали животот е Божје дело?, а потоа на една повторна посета му ја оставил брошурата Потеклото на животот. Пионерот продолжил да го одржува неговиот интерес така што му ги носел најновите списанија и му ги покажувал статиите во кои се зборувало за творештвото или за библиските пророштва. Кога видел дека ставот на Џон малку омекнал, му ја понудил книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Откако ја прочитал, Џон почнал да се изјаснува како агностик. Тогаш пионерот му ја понудил книгата Што учи Библијата и му ги покажал 8. пасус на страница 20 и пасусите 13-16 на страници 23-24. Стиховите кои се наведени таму толку многу го допреле што рекол: „Можеби треба на Библијата да ѝ дадам втора шанса“.
◼ Мексико: Еден човек му кажал на еден брат дека не верува дека Библијата е книга од Бог. Братот му предложил да му покаже некои докази кои го потврдуваат тоа. По само неколку разговори, тоа што го научил од Библијата почнало да влијае врз неговото срце. Голем впечаток му оставило она што го дознал за Божјите мерила. Тој му рекол на братот: „Отпрвин, тоа што го читавме од Библијата не ми звучеше како нешто посебно и немаше некое големо влијание врз мене. Но, сега тоа што го читаме од неа, особено советите поврзани со моралот, влијае врз мојата совест“.
◼ САД: Во една прилика додека учествувал во сведочењето на прометни места во големите градови, еден брачен пар запознал жена од Тајван која верувала во Бог, но сметала дека Библијата е за луѓето од западните земји. Таа дошла до штандот со литература бидејќи чувствувала празнина во својот живот иако навидум имала сѐ што ѝ треба. Се надевала дека Библијата може да ѝ помогне да најде смисла во животот. Брачниот пар почнал библиска студија со оваа жена со книгата Што учи Библијата и со брошурата Траен мир и среќа — како да ги пронајдеме. Наместо да го проучуваат 2. поглавје од книгата, тие од брошурата го разгледале делот „Книга што може да му помогне на целото човештво“. Откако ги обработиле првите шест пасуси од овој дел, жената била изненадена од тоа колку Библијата се разликува од другите верски книги. Кога завршиле со проучување на библиските пророштва кои се исполниле, жената рекла: „Не сум слушнала за ниту една друга книга што е толку точна како Библијата!“
◼ Јапонија: Иако еден станар му кажал на братот дека не верува во Бог, тој продолжил да го посетува и накратко да му ги покажува статиите од рубриката „Случајно или создадено?“ која излегува во Разбудете се! Со текот на времето, човекот почнал да го менува својот став и да вели дека можеби има Творец. Сега, овој човек верува дека постои Бог и ја проучува брошурата Добра вест од Бог! со братот што го посетувал.
◼ Канада: Една сестра ѝ дала списанија на една жена која била на излегување од дома. Кога сестрата повторно ја посетила, жената веднаш ѝ рекла дека не е заинтересирана и дека не верува во Бог. Но, сестрата не сакала да се откаже и решила да ѝ ја донесе брошурата Задоволувачки живот — како да се постигне. Кога ја нашла жената, сестрата ѝ рекла дека без оглед на тоа што не верува во Бог, мислела на неа бидејќи знае дека е самохран родител. Ѝ го покажала 6. пасус на 4. страница, каде што се зборува за тоа зошто не можеме да имаме потполна доверба во советите од човек. Потоа, ја поттикнала да ги прочита предлозите од 2. дел во врска со воспитувањето деца. Жената со голема радост ја зела брошурата.